Оклузални сплинтови при ортодонтски третман кај пациенти со дисфункција на темпоромандибуларен зглоб

Trpevska, Vesna and Dimova, Cena and Denkovski, Marijan and Mijoska, Aneta and Tanatarec, Ivan and Srbinoska, Daniela (2023) Оклузални сплинтови при ортодонтски третман кај пациенти со дисфункција на темпоромандибуларен зглоб. Vox Dentarii (55). pp. 24-27.

[thumbnail of Оклузални сплинтови при ортодонтски третман кај пациенти со дисфункција на темпоромандибуларниот зглоб.pdf] Text
Оклузални сплинтови при ортодонтски третман кај пациенти со дисфункција на темпоромандибуларниот зглоб.pdf - Published Version

Download (1MB)

Abstract

Вовед: Дисфункцијата на темпоромандибуларниот зглоб(ТМЗ) има мултифакторијална етиологија и вообичаено е придружена со низа на симптоми како што се: постоење на звучни манифестации(крепитации), миофункционална болка, хипермобилност на зглобот, рестриктивно отворање на устата и т.н. Постојат различни тераписки постапки за менаџирање на овие пациенти. Оклузалните сплинтови претставуваат прва линија во стратегијата на ортодонтскиот третман на пациентите со дисфункција на ТМЗ.
Цел: Целта на овој труд е да ја прикажеме ефикасноста од употребата на оклузални сплинтови во менаџирање на пациенти со дисфункција на ТМЗ, преку репозиционирање на мандибулата во централна релација, пред започнување на ортодонтската терапија со фиксни ортодонтски апарати. 
Материјал и метод: Кај адултен пациент со длабок загриз, дистооклузија, оклузален кант и латерогнатија, со присуство на крепитации и сублуксација на ТМЗ, со главна поплака за историја на главоболки, болка во регијата на ТМЗ која ирадира во пределот на вратот и хипертрофија на левиот масетеричен мускул екстраорално, извршивме комплетен клинички преглед, анализа на рентген ортопантомографска снимка, антеро-постериорна цефалометриска анализа и анализа на студио модели и изработивме репозиционирачки сплинт од тврд акрилат и по 8 месеци од неговата употреба, започнавме со фиксна ортодонтска терапија.  
Резултати: Употребата на сплинт како меѓуфазен третман, пред започнување на фиксната ортодонтска терапија, успешно помогна во редуцирање на симптомите на дисфункција на ТМЗ кај пациентот. 
Заклучок: Пациентите со дисфункција на ТМЗ имаат потреба од внимателен, сеопфатен пристап со комбинација од третмански постапки, започнувајќи од репозиционирање на мандибулата и кондилот во централна релација во зглобната јама, релаксирање на орофацијалната мускулатура со помош на оклузален сплинт и понатаму аплицирање на фиксна ортодонтска терапија со цел да се доведат забите во идеална оклузија според сите гнатолошки принципи.
Клучни зборови: Дисфункција на темпоромандибуларниот зглоб, оклузален сплинт, фиксен ортодонтски третман.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Vesna Trpevska
Date Deposited: 23 Jan 2024 10:27
Last Modified: 23 Jan 2024 10:27
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33262

Actions (login required)

View Item View Item