Претставка против измените на Законот за вработување и осигурување во случај на навработеност (2004) + касаторна Одлука на Уставниот суд на РМ

Apasiev, Dimitar (2011) Претставка против измените на Законот за вработување и осигурување во случај на навработеност (2004) + касаторна Одлука на Уставниот суд на РМ. [Dataset] (Submitted)

[thumbnail of Pretstavkata i Odlukata 3.pdf] Text
Pretstavkata i Odlukata 3.pdf

Download (441kB)

Abstract

Целта на оваа граѓанска иницијатива, односно петиција за т.н. конституциона, јудициелна, нормативна, репресивна и aпостериорна контрола in abstracto, беше поведување постапка за оценување на уставноста на дел од петтиот Закон за изменување и дополнување на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност (Сл. весник на РМ, 37/04) - како општ акт, односно правен пропис, донесен од страна на Собранието на РМ.
Иницијатори беа две здруженија на граѓани, ДСП „ЛЕНКА“ и „MAGNA CARTA“ кои, преку оваа своевидна 'народна [јавна] тужба' (Actio popularis) ја спореа конституционалноста на одредбата којашто не им даваше право на лицата кои сами си дале отказ од работа, потоа да се евидентираат како невработени во Агенцијата за вработување на РМ.
Според мислењето на Судот, ако работниот однос може да се откаже спогодбено или по волја на работодавачот и во такви случаи работникот стекнува статус на 'невработено лице' и се води во АВРМ, но доколку работниот однос е откажан по волја на работникот, тој не може да го стекне со овој статус односно не може да се пријави во АВРМ - оправдано се поставува прашањето која била целта на законодавецот од една страна да му даде право на работникот да може да го откаже договорот за
вработување по негова волја, а од друга страна остварувањето на ова право да претставува пречка тој да стекне статус на невработено лице и во таков случај да ги остварува правата кои потоа законски му следуваат. Судот, врз основа на поднесената претставка, правилно оцени и дека со оспорената одредба на извесен начин трпат последици не само лицата кои не можат поради непријавување во АВРМ да го понудат својот труд на пазарот, туку и работодавачите кои немаат увид, односно не се во можност да знаат дека има лица за кои можеби би биле заинтересирани да најдат работа. Поточно речено, Судот одлучи дека со оспорената одредба на индиректен начин се ограничува правото на движење [флуктуација] на работната сила, т.е. се ограничува самиот пазар на работна сила - па поради тоа реши истата да ја укине со своја мериторна одлука.

Item Type: Dataset
Additional Information: У.Број: 173/2010-0-1
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Dimitar Apasiev
Date Deposited: 11 Dec 2012 10:46
Last Modified: 11 Dec 2012 10:46
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3326

Actions (login required)

View Item View Item