Stojanovski, Strasko and Denkova, Jadranka and Koceva, Daniela and Stojkov, Stojko and Nacev, Trajce and Zdraveva, Ana and Panev, Kristijan (2023) Социо-антрополошки, правни и историски аспекти на заштитата на културното и историско наследство во општина Карбинци. [Project] (In Press)
Text
OPIS NA PROEKT.pdf Download (829kB) |
Abstract
Проектот „Социо-антрополошки, правни и историски аспекти на заштитата на културното и историско наследство во општина Карбинци“ се однесува на комплексната природа на заштитата на културното и историско наследство во општина Карбинци. Проектот се фокусира на заштитата на материјалното и нематеријалното културно наследство, во прв ред наследството производ на материјалните културни остатоци почнувајќи од раниот неолит, бронзеното доба, железното доба, антиката, средниот век и раниот османлиски период, како и нематеријалната култура која се однесува на обичаите на двете доминантни етнички заедници, македонската и турската. Оттука, мултикултурните аспекти и предусловите за меѓуетничка и меѓурелигиска коегзистенција ги продуцира денешните состојби на микрорегионот кој е предмет на истражување.
Материјалните културни остатоци се поврзуваат со најраната култура во Македонија, поврзана со археолошкиот локалитет Вршник, Таринци, антиката, репрезентирана преку археолошкиот локалитет Баргала, како и средновекувното црковно наследство.
Обичаите на ендогамната културна заедница на Турците Јуруци во Плачковичкиот регион е извор на богато културно наследство, кое може да се воочи низ народните носии, народниот бит, фолклор и сеопфатноста во начинот на егзистирање на оваа заедница.
Item Type: | Project |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law Social Sciences > Other social sciences Social Sciences > Psychology |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Jadranka Denkova |
Date Deposited: | 18 Jan 2024 10:23 |
Last Modified: | 18 Jan 2024 10:23 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33200 |
Actions (login required)
View Item |