Надворешна трговија-учебник

Miteva-Kacarski, Emilija (2023) Надворешна трговија-учебник. Универзитет Гоце Делчев, Штип, Северна Македонија. ISBN 978-608-277-018-5

[thumbnail of Учебник Надворешна трговија.pdf] Text
Учебник Надворешна трговија.pdf

Download (700kB)

Abstract

Учебникот „Надворешна трговија“ е наменет, пред сè, за студентите на додипломски
студии на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, кои ги
изучуваат предметите Меѓународна економија и Надворешна трговија, но можат да го
користат и сите останати кои се заинтересирани за оваа проблематика. Основната
ориентација во излагањето на содржината е идентификување на основните
карактеристики на современите економски текови во меѓународната размена, новите
правила на кои се базира мултилатералниот трговски систем, важноста на
инструментите на надворешно-трговската политика како и карактеристиките на
трговската политика на Република Северна Македонија.
Во тој контекст, материјалот опфатен во овој учебник е поделен на неколку
делови:
Глава I – Теории за меѓународна трговија;
Глава II – Субјекти во меѓународната трговија;
Глава III – Меѓународни економски трансакции;
Глава IV – Меѓународна трговска регулатива;
Глава V – Инструменти на трговската политика и
Глава VI – Република Северна Македонија во меѓународната трговија.
Во првата глава направена е анализа на теориите за меѓународна трговија, преку
чие проучување се настојува да се даде одговор на прашањето зошто земјите
тргуваат меѓусебно, односно што е она што го определува обемот, правците и
структурата на меѓународната размена. Направена е класификација на теориите
почнувајќи од пратеориите како први сфаќања за меѓународната трговија, потоа
класичните теории кои биле базирани на многу строги теоретски претпоставки и
модерните теории за меѓународната трговија кои ги објаснуваат значајните разлики
меѓу реалноста во меѓународната трговија и тврдењата на класичарите.
Во втората глава направена е анализа на субјектите на меѓународната
трговија, при што националните економии, кои во повеќето случаи се и суверени
држави се главни субјекти на меѓународната трговија. Тие се јавуваат во улога на
регулатори на деловните процеси во меѓународната трговија. Анализирани се и
носителите на деловните процеси во меѓународната трговија, како што се
претпријатијата и поедниците (претприемачите) и чии што мотив е остварувањето на
профит и личното збогатување.
Во третата глава се обработени карактеристиките на четирите видови
економски трансакции во надворешнотрговската размена и тоа: меѓународното
движење на стоки, меѓународното движење на услуги, меѓународното движење на
капитал и меѓународното движење на работна сила.
Четвртата глава е посветена на билатералните, регионалните и
мултилатералните аспекти на меѓународната размена, особено потенцирајќи го
процесот на креирање на мултилатералниот трговски систем, почнувајќи од
потпишувањето на Општата спогодба за царини и трговија па се до неговото
институционализирање со формирањето на Светската трговска организација.
Во петтата глава е направена анализа на инструментите на
надворешнотрговската политика и тоа царините и нецаринските бариери. Посебен
акцент во оваа глава е ставен на нецаринските бариери како најважен регулативен
инструмент на трговската политика на многу земји, посебно на големите и развиени
економии, како и на процесот на мултилатерално регулирање на истите.
Шестата глава се однесува на учеството на нашата земја во меѓународната
трговија, при што направена е анализа на регионалните и преференцијалните трговски
договори на РСМ како и на трговските перформанси на земјата.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Emilija Miteva
Date Deposited: 17 Jan 2024 14:29
Last Modified: 25 Jan 2024 08:25
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33186

Actions (login required)

View Item View Item