Vitanova-Ringaceva, Ana (2023) Паднатиот ангел на детството (Кон книгата „Тајните на дедовата воденица“ од Бајрузин Хајро Плањац, Бата прес, Скопје 2022. Современи дијалози, 11 (13). ISSN 1857-940X
Text
Современи дијалози..pdf Download (1MB) |
Abstract
Детството како топос во литературата е едно од најдоминантните места, неодминлив простор за писателите. Детството е местото на доаѓањето и заминувањето, место вгнездено меѓу реалното и имагинарното, меѓу сонот и јавето, меѓу надежта и копнежот, меѓу тагата и радоста. Детството е првата точка од кое детето тргнува да стане човек, да го изоди патот на животот, за на крајот пак да се врати во неговите прегратки. Елијаде детството го сместува „во зоната на сакралното и апсолутната реалност“ заради тоа што токму детството е онаа лебдечка енергија што постојано кружи околу нас, без која постоењето во светот на возрасните би било нецелосно.Авторите кои создаваат литература за деца и млади се фаќаат во костец со најтешката и најодговорна работа, да пишуваат за читателска публика којашто е најискрена, најприбирлива и публика која пристапува без ракавици и празни зборови. „Сѐ што напишав, препишав од животот“, вели Бајрузин Хајро Плањац, најтиражниот современ босански писател за деца, кој со голема дарба и посветеност пишува за децата и младите, создава литература за оние генерации на кои книгата треба да им биде водилка низ животот.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ana Ringaceva |
Date Deposited: | 17 Jan 2024 13:07 |
Last Modified: | 17 Jan 2024 13:07 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33179 |
Actions (login required)
View Item |