Vitanova-Ringaceva, Ana (2023) Човекот како метафора во поезијата на Ацо Шопов. Зборник на трудови „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“. ISSN ISBN: 978-608-277-017-8
Text
Човекот како метафора.pdf Download (1MB) |
Abstract
Aцо Шопов е поетот од мугрите на македонската современа поезија кој на поетскиот збор му даде нова суштина. Лиризмот на Шопов е неделив со метафоричната компонента на неговата поезија, тие произлегуваат еден од друг, се надополнуваат и хранат. Празнејќи се, лиризмот ја полни метафората и обратно. Асоцијациите низ кои се разгранува метафората, го разоткриваат Шоповиот лирски наум. Силно приврзан кон своето лирско начело, Шопов е поетот со одлика на поетски фатум, ја најави новата визија за поезијата во која, во симбиоза ќе влезат традицијата и современоста. Иако критиката не ја изделува метафоричноста како посебна и доминантна категорија во поезијата на Шопов, сепак факт е дека таа е вградена во стихот и дека постои во потповршинските слоеви на песната. Во овој труд ќе направиме обид за расветлување на метафората, во чија суштина се исчитува присуството на основниот елемент – човекот. Особено ќе се осврнеме на моментот на т.н. одложено препознавање или читање на метафората, бидејќи факт е дека неговата поезија нема видлива оптовареност со метафоричноста на поетскиот говор.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ana Ringaceva |
Date Deposited: | 17 Jan 2024 13:06 |
Last Modified: | 17 Jan 2024 13:06 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33178 |
Actions (login required)
View Item |