Литературните гледишта на Ацо Шопов

Vitanova-Ringaceva, Ana and Miceva, Suzana (2023) Литературните гледишта на Ацо Шопов. Зборник на трудови „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“. ISSN ISBN: 978-608-277-017-8

[thumbnail of Литературните гледишта на Шопов.pdf] Text
Литературните гледишта на Шопов.pdf

Download (1MB)

Abstract

Ацо Шопов, еден од поетите-фиданки што ја најавија повоената
македонска поетска пролет. Четири децении по своето физичко заминување, тој сè уште е еден од најчитаните, но и најцитираните македонски поети. Покрај значајниот поетски опус, актуелни до денес се и неговите размисли, ставови и
идеи за литературата, културата и уметноста воопшто. Разгледувајќи ги неговите интервјуа, есеи, куси записи, се издвојува јасната визија што тој ја имал за развојот на македонската уметност во рамките на тогашната југословенска, но и пошироко, европска и светска уметност и култура. „Креативното лутање“ на Ацо Шопов ни открива поет кој ја пронашол својата поетика. Кој длабоко и суштински навлегол не само во литературата, туку низ своите книжевни размисли темелно ја анализирал и целокупната општествено-политичка ситуација што недвојбено се одразувала во секој аспект на живеењето, па и во книжевноста. Шопов се занимавал со
естетиката на поезијата, но и со пораките што песната ги носи и треба да ги донесе и со економските причини кои овозможуваат или оневозможуваат издавање на македонска литература. Во овој труд ќе ги анализираме литературните гледишта на поетот изразувани во многубројните статии и интервјуа, но и низ неговата поезија.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ana Ringaceva
Date Deposited: 17 Jan 2024 12:59
Last Modified: 17 Jan 2024 12:59
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33177

Actions (login required)

View Item View Item