Метапоетските стихови на Ацо Шопов

Mladenoski, Ranko (2023) Метапоетските стихови на Ацо Шопов. Зборник на трудови од Меѓународната научна конференција „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“, 1 (1). pp. 83-95. ISSN ISBN 978-608-277-017-8

[thumbnail of Mladenoski trud Zb Sopov za Repoz.pdf] Text
Mladenoski trud Zb Sopov za Repoz.pdf

Download (1MB)

Abstract

Целта на истражувањето е да се откријат и да се интерпретираат сегментите од поезијата на Ацо Шопов кои како тема ја имаат, во најопшта смисла, суштината на поетската творечка постапка, односно кои функционираат како „поетски манифест“ на нашиот поет, како негова “Ars Poetica”. Работната хипотеза е дека: голем број песни од Шопов имаат автореференцијален, т. е. металитерарен карактер (поезија која зборува за самата поезија) што, секако, ги создава метапоетските специфики во неговите стихови. Интратекстуалноста (упатувањето на делови од една песна кон делови на друга песна на Шопов), но и интертекстуалноста (песните на Шопов во контекст на песните од други наши и странски поети) ќе ни послужат како компаративна методолошка основа со чија помош ќе се докаже и ќе се покаже постоењето на металитерарноста во поезијата на Ацо Шопов. Притоа, ќе бидат земени предвид песни од збирките „Слеј се со тишината“ (1955 година), „Небиднина“ (1963) и „Гледач во пепелта“ (1970) како основен корпус (апликативен материјал) на истражувањето.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 17 Jan 2024 07:30
Last Modified: 17 Jan 2024 07:30
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33173

Actions (login required)

View Item View Item