Адолесцентскиот роман „Бруклин“ од Дамјана Видическа - роман за живеењето со стравот, вината, љубовта и надежта

Denkova, Jovanka (2023) Адолесцентскиот роман „Бруклин“ од Дамјана Видическа - роман за живеењето со стравот, вината, љубовта и надежта. Книжевни елементи, списание за современа светска книжевност, 5 (8). pp. 29-33. ISSN 2671-3233

[thumbnail of Книжевни елементи 2023.pdf] Text
Книжевни елементи 2023.pdf

Download (616kB)

Abstract

Романот „Бруклин“ од автората Дамјана Видическа е објавен во 2015 година од издавачката куќа Македонска реч, Скопје. Во моментот на објавување на романот, авторката Дамјана Видическа е одвај полнолетна, но нејзината книжевна реч говори дека пред нас имаме квалитетно, талентирано книжевно перо. Вредноста и значењето на овој роман е дотолку поголема, затоа што е напишан од адолесцент и многу веродостојно ни ги донесува и пренесува сите дамари и искушенија на адолесцентите.
Романот се одвива на релација Скопје-Њујорк, поточно, дејството започнува да се раскрилува во моментот кога средношколката Даниела тргнува на патување кај роднините во Њујорк, поточно во Бруклин. Рамката на романот се затвора со нејзиното враќање од Њујорк кон Македонија. Радоста заради патувањето кај роднините е голема, но не само заради тое што летото ќе го помине во Њујорк, туку и заради поинаков „товар“ кој девојката го понесува со себе.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Jovanka Denkova
Date Deposited: 17 Jan 2024 07:29
Last Modified: 17 Jan 2024 07:29
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33172

Actions (login required)

View Item View Item