Организација на Тркалезна маса „Примена на правилата за граѓанско-правна одговорност за штета во финансовото право и во правото на интелектуална сопственост: компаративен приказ на правните системи на Р.С.Македонија, Р. Српска и Босна и Херцеговина“

Ampovska, Marija (2023) Организација на Тркалезна маса „Примена на правилата за граѓанско-правна одговорност за штета во финансовото право и во правото на интелектуална сопственост: компаративен приказ на правните системи на Р.С.Македонија, Р. Српска и Босна и Херцеговина“. Правен факултет, Универзитет Гоце Делчев во Штип. (Unpublished)

[thumbnail of Trkalezna masa финална.pdf] Text
Trkalezna masa финална.pdf - Other

Download (190kB)

Abstract

професор д-р Марија Амповска од Катедра за граѓанско право во рамки на Проект КА 171 подржан од Еразмус плус програмата организираше тркалезна маса. Имено, на 22 декември 2023 г. на Правниот факултет во Штип беше одржана Тркалезна маса „Примена на правилата за граѓанско-правна одговорност за штета во финансовото право и во правото на интелектуална сопственост: компаративен приказ на правните системи на РС Македонија, Р. Српска и Босна и Херцеговина". Мултидисциплинарниот карактер на темата овозможи поврзување и соработка меѓу професори по Облигационо право, Финансово право, Право на интелектуална сопственост и Отштетно право од двата правни факултети. Тркалезната маса ја отвори деканот на Правниот факултет, професор д-р Олга Кошевалиска, а панелите ги модерираа асистент Ана Здравева од Катедрата по граѓанско право и асистент Кристијан Панев од Катедрата по деловно право. На тркалезната маса учествуваа:

професор д-р Марија Амповска, Правен факултет, Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, професор по Облигационо право и Право на интелектуална сопственост;
професор д-р Станка Стјепановиќ, Правен факултет, Универзитет во Источно Сараево, професор по Облигационо право;
професор д-р Свјетлана Ивановиќ, Правен факултет, Универзитет во Источно Сараево, професор по Право на интелектуална сопственост;
професор д-р Кристина Мишева, Правен факултет, Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, професор по Финансово право;
доцент д-р Ѓорѓе Мариловиќ, Правен факултет, Универзитет во Источно Сараево, професор по Финаносово право.

Item Type: Other
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Marija Radevska
Date Deposited: 16 Jan 2024 08:30
Last Modified: 16 Jan 2024 08:30
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33138

Actions (login required)

View Item View Item