Основи на локални финансии

Gruevski, Ilija and Gaber, Stevan (2023) Основи на локални финансии. Goce Delcev University - Stip. ISBN 978-608-277-020-8

Full text not available from this repository.

Abstract

Една од поголемите тектонски промени кои се случија во доменот на држано-политичкото уредување и јавните финансии е реформата за децентрализација на политичкиот систем и системот на јавно финансирање. Поттикната од доктрината за
т.н. Левиатанова хипотеза, според која властите тежнеат кон максимизација на приходите, поборниците за децентрализацијата аргументираат дека со воведувањето
на фискална конкуренција помеѓу единиците на локалната власт, се спречува несаканата појава на прекумерен раст на даночното оптеретување и создавање на гломазен јавен сектор. Според нив, во децентрализираниот систем, локалните заедници се наоѓаат во меѓусебна конкурентска битка за пронаоѓање на нови даночни приходи преку привлекување на мобилните даночни обврзници, заради што се “принудени” повнимателно да трошат и да применуваат пониски даночни стапки.
Оттука и заклучокот на промоторите на оваа идеја дека повисокиот степен на децентрализација на власта, автоматски значи и помало даночно оптеретување, односно помал јавен сектор. Одговорниот механизам со кој се постигнува ред во
јавниот сектор е токму конкурентскиот механизам, односно фискалната конкуренција помеѓу единиците на локалната самоуправа, која резултира со воведување на строги и експлицитни органичувања пред се на страната на приходите,
евентуално и на страната на расходите.
И навистина, некои земји покажаа импозантни резултати од аспект на степенот на политичката и фискалната децентрализираност на земјата, од моментот на започнувањето на реформите на ова поле во 50-тите години на минатиот век, па се до денес. Така на пример, САД претствуваат класичен прототип на децентрализирана земја, во која сојузните држави не само што имаат уставно загарантирана политичка
автономија, туку и висок степен на фискален суверенитет самостојно да воведуваат фискални давачки надвор од системот на федералните даноци. Во ЕУ концептот на фискалната децантрализација е дефиниран во рамки на Европската повелба за локална самоуправа, како зеднички документ на земјите членки и земјите аспиранти за влез во Унијата, чија цел е воспопставување на европски стандарди за заштита на
правата на локалните заедници. Република Северна Македонија (тогашна Република Македонија) ја потпиша Европската повелба во 1996 година, а обврските кои произлегуваат стапија на сила во 1997 година. Со тоа започна реформата на системот
на локалната сампурава која се состоеше од две фази: првата во која се пренесоа наделжностите од централната на локалните власти паралелено со делумен трансфер на финансиските средства на општините; и втората со која целосно се заокружи пренесувањето на предвидените финансиски ресурси на располагање на општините. Меѓутоа, индикаторите на фискалната децентралзиација покажуваат дека во Северна
Македонија сеуште постои голема централизираност на приходите како и зависност на оштините во поглед на финансирањето на локалните надлежности. Од овој аспект,
може да се заклучи дека процесот на фискална децентразлиација сеуште не е завршен, а за тоа најдобро говори новата реформа за фискална децентрализација која
ја спроведува Министерството за финансии и која се состои од 3 столба: прв столб кој предвидува подобрување на фискалниот капацитет и зголемување на општинските приходи; втор столб насочен кон зајакнување на финансиската дисциплина на
оппштините; и трет столб кој се однесува на транспарентноста и отчетноста на општините.
Имајќи ја предвид важноста на фискалната децентрализација како неопходен елемент за постигнување на ефикасна алокација на локалните јавни ресурси, но и нужен предуслов за обезбедување на квалитетни јавни добра и услуги, како и
согледувајќи го нејзиниот динамичен и сеуште незаокружен тек, можеме да констатираме дека значењето на јавните и посебно локалните финансии како никогаш
досега не успеале да ја капитализраат својата научна и практична вредност. Ако на претходново се додаде постоечкиот дефицит на стручна и научна литература од полето на локалните финансии, тогаш реализацијата на квалитетен учебник кој ќе ја обработува оваа проблематика станува повеќе од потребна. Имено, во рамки на библиотечниот фонд на Универзитетот “Гоце Делчев” од Штип не постои учебник по
Локални финансии, ниту пак во поширокото литературно подрачје на државава, додека студентите користат интерно собрани материјали или пак делови од учебниците по Јавни финании, со што се отежнува стекнувањето на неопходните теоретски и практични знаења од оваа предметна дисциплина.
Во таа насока, учебникот со наслов „Основи на локални финансии“ би требало да ја пополни констатираната празнина во литературниот фонд од областа на локалните финансии и фискалната децентрализација, со понуда на учебен материјал
кој ќе биде од сестрана корист како за студентите на Прв циклус на студии, така и за студентите со повисоки степени на образование. Имено, структурата на наставниот материјал кој се обработува е изработена според најсовременте прирачници за локални финансии, конкретно прирачникот за локални финансии од Светската банка, кој им се препорачува на земјите како водич во процесот на имплементација и
изградба на националниот систем за финансирање на општините и локалните заедници. Основната структура, сржта на материјалот се состои од четири клучни прашања: 1) распределба на надлежностите за извршување на локалните приходи (revenue assignment); 2) распределба на надлежностите за реализација на локалните расходи (expenditure assignment); улогата и значењето на
меѓувладините фискални трансфери (intergovernmental transfers); и екстерните извори на финансирање, или поконкретно прашањето за локалниот долг и задолжувањето на локалните власти (borrowing and debt). Како додатни теми
кои се обработуваат се интро или воведот во јавните и локалните финансии и особено по важност се истакнува делот кој се однесува на фискалната децентрализација. Овие компоненти го сочинуваат фундаментот на предметната
дисциплина и токму тоа е причината поради која насловот на учебникот гласи “Основи на локални финансии”. Треба да имаме во предвид дека поширокото подрачје на локалните финансии опфаќа и други прашања кои тука не се опфатени, но ќе ги
оставиме за обработка во некои други изданија, а како поважни меѓу нив ќе ги спомнеме: локалниот финансиски менаџмент (municipal financial management); управувањето со локалните средства (local assets management); управување и
финансирање на метрополи (metropolitan governance and finances); мерење на перформансите на локалните финансии (measuring municipal finances performance) и сл.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Ilija Gruevski
Date Deposited: 25 Dec 2023 13:04
Last Modified: 25 Dec 2023 13:04
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/33125

Actions (login required)

View Item View Item