Dimitrova, Janka and Veselinova, Elena and Gogova Samonikov, Marija and Davcev, Ljupco and Andonov, Mitko and Ljubomir, Gacov and Elizabeta, Djambaska and Aleksandra, Lozanovska (2023) Business eco-system as an integrated system – Be In. [Project]
Text
Извештај и предлози за надминување за неусогласеноста на понудата и побарувачката на работа сила (1).docx.pdf Download (655kB) |
|
Text
Проблемот на иновативните способности и потенцијал на МСП во Република С. Македонија.pdf Download (501kB) |
Abstract
Поседувањето на соодветни знаења и вештини овоможува поголема вработливост и одржливост на вработувањето. Кога луѓето ги имаат вистинските знаења и вештини, можат да работат на квалитетни работни места и да го исполнат својот потенцијал како сигурни и активни граѓани. Во услови на брзо менување на глобалната економија, знаењата и вештините кои се поседуваат во голема мера ја детерминираат конкурентноста, капацитетот за иновации, подготвеноста на поединците и фирмите да ги следат технолошките и други промени во работата. Кога работната сила ги има потребните знаења и вештини се поттикнуваат инвестиции и нови работни места.
Глобалните трендови на почетокот на 21-от век како сè поголемата примена на пософистицирана технологија, дигитализацијата, унапредувањето на деловните процеси, поголемата конкуренција наметнаа потреба од зголемен фокус кон човечкиот капитал и иновациите. На тој начин всушност се поттикна и разви и концептот на економија базирана на знаење. Денес, човечките ресурси имаат централна улога при градењето на стратегии на фирмите, при што креативноста и иновативноста се основните постулати за постигнување на конкурентноста на претпријатијата и остварување на пазарен успех. Во таа насока, управувањето со претпријатијата, а особено политиките и практиките на управување со човечки ресурси, во услови на ограничени човечки ресурси, треба да бидат насочени кон градење на база на човечки капитал, негов континуиран развој и унапредување, како и соодветно искористување на истиот за целите на претпријатието.
Item Type: | Project |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Janka Dimitrova |
Date Deposited: | 19 Dec 2023 11:37 |
Last Modified: | 19 Dec 2023 11:37 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32995 |
Actions (login required)
View Item |