Stanojoski, Igor (2023) Општа лингвистика. University “Goce Delcev” – Stip, Штип. ISBN 978-608-277-034-5
Text
Општа лингвистика Учебник од Е-библиотека-pages-deleted.pdf - Published Version Download (1MB) |
Abstract
Во првата глава, насловена Теорија на јазикот студентот се воведува во рамништата на лингвистичката анализа: фонетика, фонологија, морфологија, синтакса, дискурс и семантика, а главата ја затвора текстот Три типа на односи меѓу јазичните единици, со која студентот се запознава пред сè со синтагматските и парадигматските односи во јазикот.
Втората глава, Историја на лингвистичките учења, ќе го обработува суштинскиот дел на секој учебник по општа лингвистика, па затоа сметаме дека оваа глава претставува централен дел и на овој учебник. Овде ќе дадеме приказ на размислувањата за јазикот: од антиката (преку старогрчката и индиската граматичарска школа), па сè до втората половина на ХХ век. Споредбено-историскиот метод, како доминантен во XIX век; структурализмот на ХХ век; генеративниот пристап кон јазикот – се дел од содржините во оваа глава.
Во третата глава, Јазикот, спознанието и општеството, ќе дадеме преглед на повеќе интердисциплинарни науки што го третираат јазикот како главен предмет на своите истражувања: психолингвистика, социолингвистика, невролингвистика; па потоа ќе ги разгледаме и функциите на комуникацијата и односот меѓу јазикот и другите системи за предавање на информациите. Овие теми ќе ги прошират хоризонтите на студентите и ќе ги натераат да размислуваат за значењето на јазикот во животот на човекот.
Четвртата и последна глава од учебников, која е именувана Применета и компјутерска лингвистика, ги воведува студентите во најперспективните правци на современите јазични истражувања, правени во соработка со информатичките технологии. Оваа тема е донекаде нетипична за учебниците по општа лингвистика што се издаваат во светот, но станува збор за исклучително перспективна, актуелна и неисцрпна област. Целта на оваа глава е студентите да се запознаат со корпусите и корпусната лингвистика, со новите трендови во лексикографијата, односно создавањето дигитални речници, како и со развојните тенденции во областа на усниот и пишаниот машински превод.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Igor Stanojoski |
Date Deposited: | 25 Mar 2024 11:52 |
Last Modified: | 25 Mar 2024 11:52 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32985 |
Actions (login required)
View Item |