Gjorgieva Ackova, Darinka (2023) Фармакотерапевтски и токсиколошки аспекти на избрани лекови кои делуваат на кардиоваскуларниот систем. In: Симпозиум со меѓународно учество „Современи пристапи во третманот на пациенти кои примаат антикоагулантни, антиагрегатни и антихипертензивни лекови“, 11 Nov 2023, Stip.
Text
Abstrakti WEB cela (1).pdf Download (1MB) |
|
Text
Programa - 25102023.pdf Download (372kB) |
|
Text
Prezentacija - DGA-11.11..pdf Download (1MB) |
Abstract
Повеќето од пациентите земаат повеќе лекови за терапија на нивни различни болести. Приближно 70 до 90 проценти од повозрасните лица земаат барем еден перорален лек дневно, додека во просек на овие лица им се препишуваат два до пет различни лекови во тек на годината. Потенцијалот за интеракции со лекови се зголемува со бројот на администрирани лекови. Проценетиот ризик од несакани ефекти од лекот е 13% при прием на 2 лека, 58% за 5 лекови и дури 82% за 7 или повеќе лекови. Терапијата со повеќе лекови секогаш е поврзана со висок ризик на потенцијално сериозни интеракции меѓу лековите, интеракции со медицински интервенции и негативни несакани ефекти на лековите.
Лек-лек интеракциите се јавуваат кога друг фактор (вториот лек) влијае на фармакокинетиката или фармакодинамиката на карактеристичниот лек (првиот лек) и го влошува познатиот несакан ефект на првиот лек, што може да ја зголеми токсичноста или да го намали терапевтскиот ефект на истиот. Повеќе од половината од несаканите ефекти на лекот произлегуваат од приемот на лекови како што се кортикостероиди, нестероидни антиинфламаторни лекови, кардиоваскуларни и психијатриски лекови.
Поради зголемување на популацијата на лица на полипрагмазија и нивната потреба од стоматолошки третман, неопходно е стоматолозите да бидат запознати со интеракциите со лекови кај овие пациенти. Иако овие аспекти се проучувани во различни области на медицината, сепак постојат малку студии за лековите препишувани во стоматологијата заедно со лековите за други медицински состојби кај пациентот. Затоа, ова предавање има за цел да обрне внимание на оправданата загриженост и да ги анализира потенцијалните интеракции со лекови помеѓу вообичаените лекови во стоматологијата и избрани лекови кои делуваат на кардиоваскуларниот систем како една од групите лековите кои најчесто се администрираат истовремено кај пациентите.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Speech) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Darinka Gorgieva Ackova |
Date Deposited: | 15 Dec 2023 10:27 |
Last Modified: | 15 Dec 2023 10:27 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32933 |
Actions (login required)
View Item |