Прочистување на ензимот алииназа од лук

Gorgeva, Teodora and Smilkov, Katarina and Nasim, Jawad and Jacob, Claus (2023) Прочистување на ензимот алииназа од лук. In: Прв симпозиум со меѓународно учество од областа на фармацијата „Фармацевтска грижа: актуелности, можности, предизвици“, 23 Sept 2023, Stip.

[thumbnail of 1_Kniga-na-apstrakti-sodrzina.pdf] Text
1_Kniga-na-apstrakti-sodrzina.pdf

Download (1MB)
[thumbnail of Programa simpozium.pdf] Text
Programa simpozium.pdf

Download (1MB)
[thumbnail of Gjorgeva, Smilkov et al. apstrakt.pdf] Text
Gjorgeva, Smilkov et al. apstrakt.pdf

Download (472kB)
[thumbnail of E-постер, Теодора Ѓорѓева.pdf] Text
E-постер, Теодора Ѓорѓева.pdf

Download (3MB)

Abstract

Ензимот алииназа од лукот е одговорен за хидролиза на алиин, што резултира со ослободување на алицин, кој е одговорен за карактеристичниот мирис и вкус на лукот, како и многу од неговите потенцијални здравствени придобивки. Целта на ова истражување беше да се развие протокол за прочистување на изолирана алииназа, преку комбинација на хроматографски методи, како конканавалин А сефароза - афинитетна хроматографија, гел филтрација и ултрафилтрација. Најнапред беше извршена екстракција на алииназа од свеж лук со користење на соодветни пуфери и центрифугирање. Добиениот екстракт беше подложен на
прочистување со употреба на афинитетна хроматографија, со што се овозможува селективно прочистување. Дополнително, примерокот беше прочистен со употреба на гел филтрација,
метод кој овозможува отстранување на онечистувањата со поголема молекулска маса. На крај, беше извршена ултрафилтрација на ензимот низ полупропустлива мембрана, што овозможува отстранување на онечистувања со молекулска маса помала од 30 kDa, како и концентрирање на примерокот. Концентрацијата на алииназа беше определена со користење на метод по Брадфорд. Резултатите покажаа дека секој метод на прочистување дава различни нивоа на чистота и концентрација на алииназа. Сепак, комбинирањето на сите три методи овозможува добивање на концентриран и прочистен ензим кој понатаму може да се користи во истражувачки цели. Понатамошните истражувања ќе продолжат во насока на оптимизација на процесот на прочистување, за да се добие оптимален принос и степен на чистота на овој ензим, кој понатаму би можел да се користи за истражувачки цели, во смисла на истражување на неговиот потенцијал за медицинска употреба.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Natural sciences > Biological sciences
Natural sciences > Chemical sciences
Medical and Health Sciences > Health biotechnology
Medical and Health Sciences > Health sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katarina Smilkov
Date Deposited: 14 Dec 2023 12:00
Last Modified: 14 Dec 2023 12:00
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32926

Actions (login required)

View Item View Item