Hristovska, Tamara and Smilkov, Katarina (2023) Егзозоми како потенцијални адјуванси во вакцини. In: Прв симпозиум со меѓународно учество од областа на фармацијата „Фармацевтска грижа: актуелности, можности, предизвици“, 23 Sept 2023, Stip.
Text
1_Kniga-na-apstrakti-sodrzina.pdf Download (1MB) |
|
Text
Programa simpozium.pdf Download (1MB) |
|
Text
Hristovska&Smilkov, Egzozomi kako potencijalni adjuvansi vo vakcini.pdf Download (246kB) |
|
Text
Hristovska, Smilkov apstrakt.pdf Download (472kB) |
Abstract
Егзозомите се природни везикули кои се создаваат од повеќето клетки. Составени се од протеини, липиди, генетски материјал, цитокини и фактори на раст и имаат големина од редот на наночестички, од 30 до 200 nm. Играат важна улога во меѓуклеточната комуникација, имунолошката модулација и одговорот при инфламација. Утврдено е дека егзозомите добиени од имунолошките клетки може да имаат имуностимулаторно дејство и би можеле да претставуваат добра основа за развој на нови платформи за имунотерапија или нови адјуванси за вакцини. Поради растечкиот број на истражувања кои ги вклучуваат егзозомите како системи за испорака на антигени или како адјуванси во профилактични или терапевтски вакцини, овој труд се фокусира на преглед на ваквите истражувања. Првите вакцини базирани на егзозоми
изведени од дендритични клетки почнале да се истражуваат уште во 2005 година, а подоцна се развиени и се истражуваат и терапевтски вакцини базирани на егзозоми за третман на повеќе хронични болести, како дијабетес тип I, интерстицијален нефритис и канцер, каде што егзозомите имаат главно улога на носачи на различни антигени. Улогата на егзозомите како адјуванси и ко-адјуванси во профилактични и терапевтски вакцини е помалку истражувана, иако постојат истражувања за примена на егзозоми добиени од клеточна линија на хумани моноцити стимулирани со липополисахариден ендотоксин како адјуванси во формулација на антиген од
хепатитис В (HbsAg). Развојот на егзозомите во формулациите на вакцини продолжува да се движи во две насоки, па иако истражувањата покажуваат ветувачки резултати, до денес сè уште не постојат формулации кои содржат егзозоми, а се одобрени за хумана употреба.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Health biotechnology Medical and Health Sciences > Health sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katarina Smilkov |
Date Deposited: | 14 Dec 2023 12:00 |
Last Modified: | 14 Dec 2023 12:00 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32925 |
Actions (login required)
View Item |