Trajculeski, Marija and Hristova, Kristina and Smilkov, Katarina (2023) Улогата на клиничкиот фармацевт при употребата на биосимилари. In: Прв симпозиум со меѓународно учество од областа на фармацијата, Фармацевтска грижа: актуелности, можности, предизвици, 23 Sept 2023, Stip.
Text
1_Kniga-na-apstrakti-sodrzina.pdf Download (1MB) |
|
Text
Trajculeski et al. poster.pdf Download (588kB) |
|
Text
Trajculeski, Hristova, Smilkov apstrakt.pdf Download (473kB) |
Abstract
Биолошките лекови содржат активни супстанции од биолошко потекло, се произведуваат со најсовремена технологија и се неопходни за третман на специфични состојби. Биосимилар
(биолошки сличен лек) е биолошки лек со висока сличност со друг веќе одобрен биолошки лек (референтен лек), но важно е да се нагласи дека биосимиларите не се генерички форми на
оригиналните биолошки лекови. Биосимиларите се нова тераписка алтернатива и нивното воведување има цел да се зголеми конкуренцијата меѓу производителите, да се намалат цените и да се олесни пристапот на скапи лекови до пациентите. Заменувањето на овие лекови и „комфорноста“ за замена како кај генеричките лекови не е случај кај биосимиларите. Токму во оваа насока се наметнува улогата на клиничкиот фармацевт со цел едукација на сите засегнати
страни при употребата на биосимиларите. Овој труд ја разгледува улогата на клиничкиот фармацевт во воведувањето и употребата на биосимиларите, пред сè, со цел на следење на
клиничкиот профил на овие лекови како и логистиката при снабдувањето, чувањето и нивната употреба. Добрите односи фармацевт – лекар – пациент имаат големо значење да се прифатат биосимиларите и да се потврди нивната сличност со соодветниот биолошки лек во однос на квалитетот, безбедноста и ефикасноста. Спроведените студии потврдуваат дека иако се
намалуваат трошоците за здравствена заштита во управувањето со хронични болести при користењето на бисимиларите, сепак постојат предизвици за нивно прифаќање. Клиничките фармацевти имаат важна улога кај сите засегнати страни во насока на едукација и пристап до овие лекови, но пред сè обезбедување на нивна сигурна, ефективна и економична употреба во клиничката пракса.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine Medical and Health Sciences > Health biotechnology Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katarina Smilkov |
Date Deposited: | 14 Dec 2023 11:59 |
Last Modified: | 14 Dec 2023 11:59 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32923 |
Actions (login required)
View Item |