Безбедност на пациентите во клиничка пракса - програма за контролиран пристап до лекот леналидомид

Pendovska, Marija and Panovska Stavridis, Irina and Krstevska Balkanov, Svetlana and Ridova, Nevenka and Popova, Marija and Stojanoski, Zlate and Simonova, Vesna and Aleksandrov, Mihail and Maksimova, Viktorija (2023) Безбедност на пациентите во клиничка пракса - програма за контролиран пристап до лекот леналидомид. In: Прв симпозиум со меѓународно учество од областа на фармацијата „Фармацевтска грижа: актуелности, можности, предизвици“, 23 Sept 2023, Stip.

[thumbnail of Pendovska et al., 2023 Simpozium farmacija.pdf] Text
Pendovska et al., 2023 Simpozium farmacija.pdf

Download (1MB)
[thumbnail of PDF-Постер-Марија Пендовска.pdf] Text
PDF-Постер-Марија Пендовска.pdf

Download (934kB)

Abstract

Леналидомид е лек кој поседува антинеопластично, антиангиогено, проеритропоетско и
имуномодулаторно дејство, но притоа поседува и изразено тератогено дејство. Клиничкиот
фармацевт при ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија - Скопје е одговорен за
спроведување на процесот на фармаковигиланца. Затоа, со цел подобрување на безбедноста
на пациентите, на клиниката се спроведе контролирана дистрибуција на лекот таблети
леналидомид од 5 mg. Kако мерка за минимализација на ризикот (ММР) за пациентите кои го
примаат овој лек се спроведе програмата за контролиран пристап (CAP), според која
пропишувањето на лекот го вршат исклучиво лекари кои се евидентирани во Регистарот на
едуцирани лекари за спроведување на програмата за превенција на бременост (PPP). Со тоа се
водеше грижа пациентот да го прими лекот само доколку се исполнети барањата од PPP.
Бидејќи лекот се излачува и во спермата, во програмата покрај жени мораше да бидат вклучени
и пациенти од машка популација. За лекот таблети леналидомид 5 mg, PPP е спроведена кај 36
пациенти (23 мажи и 13 жени), во тек на 18 месеци, започнувајќи од октомври 2021 година. Вo
овој период лекот е издаден на 14 пациенти со мултипен миелом кои претходно примиле барем
една линија на терапија (во комбинација со дексаметазон), 22 пациенти со терапија на
одржување на новодијагностициран мултипен миелом кај кои е спроведена трансплантација на
автологни матични клетки и 1 пациент со дијагноза Не-Хочкинов фоликуларен лимфом. Со
едуцирање на пациентите и преземање на сите пропишани мерки од PPP, потенцијалниот ризик
од тератогеното дејство на лекот беше сведен на минимум.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Viktorija Maksimova
Date Deposited: 14 Dec 2023 10:50
Last Modified: 14 Dec 2023 10:50
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32902

Actions (login required)

View Item View Item