Технолошки пристап во производството на стандардизиран екстракт од канабис базиран на канабинол (CBN) за медицински цели

Aleksandrov, Mihail and Gelevska, Olgica and Stojova, Cvetanka and Ivanov, Ivan and Falin, Svetoslav and Jovcev, Svetlozar and Pendovska, Marija and Maksimova, Viktorija (2023) Технолошки пристап во производството на стандардизиран екстракт од канабис базиран на канабинол (CBN) за медицински цели. In: Прв симпозиум со меѓународно учество од областа на фармацијата „Фармацевтска грижа: актуелности, можности, предизвици“, 23 Sept 2023, Stip.

[thumbnail of Aleksandrov et al.2023 Simpozium farmacija.pdf] Text
Aleksandrov et al.2023 Simpozium farmacija.pdf

Download (1MB)
[thumbnail of симпозиум-постер-Михаил Александров-2023 В.М.pdf] Text
симпозиум-постер-Михаил Александров-2023 В.М.pdf

Download (812kB)

Abstract

Канабинолот (CBN) се добива со деградација на тетрахидроканабинол (ТНС), кога
производот од канабис е изложен на топлина или подлежи на стареење. CBN е благ
психоактивен канабиноид кој делува како слаб парцијален агонист со афинитет кон CB1
рецепторите. Докажани се неговите седативни, антиинфламаторни и невропротективни
својства. За да се произведе стандардизиран екстракт базиран на CBN, потребно е да се изврши
присилна деградација или забрзано стареење на ТНС, со цел распаѓање до неговиот метаболит
CBN. За таа цел беше применет процес на деградација на ТНС по забрзано стареење на
етанолен екстракт со 32,8% (w/w) THC и 7,4% (w/w) CBN и последователно негова молекуларна
дестилација, со цел концентрирање на CBN. Притоа, искористивме етанолен екстракт од
Glueberry OG кој беше подлегнат на студија за забрзано стареење од една година. Опремата и
методите опфаќаат процеси на деградација на висока температура и молекуларна дестилација.
Примероците беа испитувани со помош на HPLC метод со UVдетектор. По студијата за забрзано
стареење, екстрактот содржи 9,7% (w/w) ТНС и 36,2% (w/w) CBN. По деградација на екстрактот,
не е детектиран ТНС, а CBN се зголемил до 43,1% (w/w). Финалниот производ по молекуларна
дестилација содржи 55,8% (w/w) CBN. Резултатите укажуваат дека овој метод е погоден за
добивање на екстракти со задоволителен принос на CBN. Примената на покачена температура
врз екстрактот може лесно да го оксидира THC во CBN. Оваа технологија може да вклучи и
употреба на гасови, кислород или азот, вклучувајќи опрема за барботирање со гасови.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Viktorija Maksimova
Date Deposited: 14 Dec 2023 10:50
Last Modified: 14 Dec 2023 10:50
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32901

Actions (login required)

View Item View Item