Можности за користење на антибактериските карактеристики на етеричните масла како дополнителен третман при инфекции со високорезистeнтни патогени микроорганизми

Bogevski, Krume and Maksimova, Viktorija (2023) Можности за користење на антибактериските карактеристики на етеричните масла како дополнителен третман при инфекции со високорезистeнтни патогени микроорганизми. In: Прв симпозиум со меѓународно учество од областа на фармацијата „Фармацевтска грижа: актуелности, можности, предизвици“, 23 Sept 2023, Stip.

[thumbnail of Bogevski and Maksimova, 2023 Simpozium farmacija.pdf] Text
Bogevski and Maksimova, 2023 Simpozium farmacija.pdf

Download (1MB)
[thumbnail of ПОСТЕР - Круме Богевски 30.08.2023.pdf] Text
ПОСТЕР - Круме Богевски 30.08.2023.pdf

Download (1MB)

Abstract

Зголемувањето на резистентноста на бактериите кон антибиотската терапија е глобален
проблем во јавното здравје денес што го отежнува лекувањето на инфекциите и го зголемува
ризикот од компликации и смртност. Затоа, истражувањето на алтернативни пристапи во
борбата против бактериските инфекции, како што е истражувањето на антибактериските
својства на етеричните масла, е актуелна тема во науката. Оваa студија има за цел да го испита
антибактериското дејство на неколку видови етерични масла, комерцијално достапни во нашата
држава против најчестите патогени микроорганизми, високорезистентни кон конвенционалните
антибиотици. Во ова истражување беа испитани шест етерични масла (Cinamomum aetheroleum,
Lavandulae aetheroleum, Terebinthinae aetheroleum, Citrus aetheroleum, Melaleuce aetheroleum,
Cariophyli floris aetheroleum) и нивната активност кон пет различни патогени микроорганизми:
Escherichia coli, Staphylococcus aureus, Proteus mirabilis, Streptococcus pneumoniae и
Streptococcus pyogenes. Резултатите покажаа дека етеричното масло од цимет имаше најсилно
антибактериско дејство, инхибирајќи го растот на Staphylococcus aureus, Proteus mirabilis и
Streptococcus pneumoniae. Исто така, некои од етеричните масла покажаа умерено
антибактериско дејство, додека други не покажаа значително дејство. Ова истражување ги
потврдува потенцијалните антибактериски својства на некои етерични масла. Сепак, потребни
се дополнителни студии за да се специфицира можноста за нивната системска употреба поради
можните токсични ефекти и недоволните докази за нивна безбедност и ефикасност.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Viktorija Maksimova
Date Deposited: 14 Dec 2023 10:49
Last Modified: 14 Dec 2023 10:49
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32900

Actions (login required)

View Item View Item