Denkova, Jovanka (2023) Романот „Средба во осамената куќа“ од Петре Димовски - како крик за поголема свесност и претпазливост. Годишен зборник на Филолошки факултет, 14 (21). pp. 9-18. ISSN 1857-7059
Text
6181-Article Text-10822-1-10-20231206.pdf Download (896kB) |
Abstract
Во оваа научна статија се осврнуваме кон една тема која сѐ уште е табу на нашиве простори, иако во европски и светски рамки за неа изобилно се говори.
Темата на сексуалната злоупотреба на деца и млади (адолесценти) од страна на возрасни е тема која, за жал, е присутна насекаде. Авторот ја разработува темата за сексуално насилство, гледано и низ призмата на семејството, зборувајќи и за ризик-факторите кои придонесуваат за вакви појави, а еден од нив е алкохолизмот.
Авторот Петре Димовски се зафатил да проговори за неа, преку ликот на девојчето Росенка, која ја следи од нејзината помала возраст, па сѐ до училишните денови.
Истражувањата говорат дека сексуалното насилство над децата и младите остава краткотрајни и долготрајни последици во развојот на младата личност. Од тие причини, она на што авторот Петре Димовски најмногу апелира во романот „Средба во осамената куќа“ е свесноста за отворено зборување на оваа тема, како еден од начините младите луѓе веднаш да ги препознаат и пријават, како и нивната превенција.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Jovanka Denkova |
Date Deposited: | 13 Dec 2023 11:13 |
Last Modified: | 13 Dec 2023 11:13 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32868 |
Actions (login required)
View Item |