Управувачко сметководство

Koleva, Blagica and Gorgieva-Trajkovska, Olivera (2023) Управувачко сметководство. Универзитет „Гоце Делчев“– Штип, Универзитет „Гоце Делчев“– Штип. ISBN 978-608-277-007-9

Full text not available from this repository.

Abstract

Учебникот „Управувачко сметководство“ од авторите проф. д-р Благица Колева и проф. д-р Оливера Ѓоргиева-Трајковска детално го разработува управувачкото
сметководство, како алатка која му помага на менаџментот во остварување на поставените цели на компанијата. Имено, при донесување одлуки, менаџментот ги комбинира информациите за трошоците кои ги прави компанијата со останати информации, вклучувајќи и лична проценка за деловните активности и нивните нефинансиски ефекти. Учебникот е наменет за изучување на предметот Управувачко сметководство од страна на студентите на сите насоки на прв циклус студии
(Сметководство и ревизија, Бизнис-економија, Финансии, Менаџмент и претприемништво и Маркетинг-менаџмент), како и за предметот Менаџерско сметководство, за студентите на втор циклус на студии.
Учебникoт содржи теоретска разработка на управувачкото сметководство и неговото значење во управувањето со работењето на компаниите, во правец на
остварување на дефинираните цели, пред сè преку управување и контрола на трошоците, како и практични примери и пресметки кои им овозможуваат на студентите многу полесно разбирање и совладување на оваа значајна и динамична проблематика.
Креиран врз основа на потребата од создавање на учебно помагало кое од теоретски и практичен аспект ќе им овозможи на студентите стекнување знаењa за целите, задачите
и улогата на управувачкото сметководство, изготвување калкулации, осознавање на методите за пресметка на трошоците на учиноците и примена на сите овие информации во донесување на ефикасни деловни одлуки. Сметаме дека учебникот се одликува со голема теоретска и практична
значајност, како за студентите, така и за сите останати субјекти кои имаат интерес во оваа проблематика, т.е. кои се инволвирани во процесот на примена на информациите за трошоците во деловното одлучување.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Blagica Koleva
Date Deposited: 11 Dec 2023 10:55
Last Modified: 11 Dec 2023 10:55
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32851

Actions (login required)

View Item View Item