Trpevska, Vesna and Dimova, Cena and Mijoska, Aneta and Tanatarec, Ivan and Srbinoska, Daniela (2023) Сооднос помеѓу оклузалните параметри и целите на ортодонтскиот третман. Vox Dentarii (54). pp. 31-35.
Text
vox dentarii.pdf - Published Version Download (517kB) |
Abstract
Вовед: Примарна цел на секој ортодонтски третман е постигнување на идеален сооднос помеѓу забите во денталниот лак, како и постигнување на идеален сооднос со забите антагонисти-нормооклузија. За поставување на соодветна ортодонтска терапија на дентофацијалните неправилности, многу битен фактор во поставувањето дијагноза кај ортодонтските малоклузии претставува детектирањето на оклузалнитe статички и динамички параметри.
Цел: Евалуација на деталите при оклузија кај испитаници со нормооклузија како крајна цел на ортодонтскиот третман со помош на T-Scan III системот како софистицирана алатка за дигитална оклузална анализа со цел карактеризирање на нивната оклузална стабилност.
Материјал и метод: Кај 30 испитаници со нормооклузија-прва класа според Angle, еугнат загриз, интактно забало, изведовме компјутерска оклузална анализа во положба на максимална интеркуспидација со помош на Т-Скен III системот (Tekscan Inc., Boston, MA, USA).
Резултати: Разликата помеѓу добиените вредности за максималната интеркуспидација од десна & лева страна за Z=0,57 и p>0,05(p=0,57) не е значајна. Времето на оклузија е во интервал 0,29±0,12 секунди, ±95,00%КИ:0,24-0,33, додека времето на дисоклузија е во интервал 0,21±0,10 секунди, ±95,00%КИ:0,17-0,25.
Заклучок: Нормооклузијата како крајна цел на ортодонтскиот третман претставува морфолошки и функционално урамнотежен загриз. Примената на T-Scan III системот во секојдневната клиничка практика е важна во дијагностиката, планот на терапија и сите фази на ортодонтскиот третман, со цел постигнување на оклузален еквилибриум и успешно третирање на многу оклузални проблеми обезбедувајќи му на пациентот високо квалитетна оклузија на крајот од третманот.
Клучни зборови: Оклузија, оклузални параметри, ортодонтски третман, Т-Скен систем.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine Medical and Health Sciences > Clinical medicine Medical and Health Sciences > Health sciences Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Vesna Trpevska |
Date Deposited: | 11 Dec 2023 09:33 |
Last Modified: | 11 Dec 2023 09:33 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32831 |
Actions (login required)
View Item |