Trpevska, Vesna (2023) ̏Биомеханика во менаџирање на пациенти со длабок загриз, совети и трикови. In: Симпозиум со меѓународно учество „Секојдневна стоматолошка практика“, 18 Nov 2023, Strumica, R.S.Makedonija.
Slideshow
Симпозиум со меѓународно учество, Струмица 18.11.2023.pdf - Published Version Download (624kB) |
|
Text
̏ Биомеханика во менаџирање на пациенти со длабок загриз, совети и трикови˝ кратка содржина.pdf - Published Version Download (191kB) |
|
Text
Strumica, simpozium, 18.11.2023.pdf Download (237kB) |
Abstract
Третманот на длабок загриз зависи од неговата локализација и кои структури ги има зафатено. Доколку станува збор за дентоалвеоларен длабок загриз, тој може да се третира со интрузија на антериорните заби, со екструзија на постериорните заби или со комбинација на овие две движења. При поставување на ваков третман, многу битно во поставувањето дијагноза е цефалометриската анализа за утврдување на типот на раст. Преку приказ на случаи ќе ја прикажеме различната механотерапија потребна за корекција на длабок загриз. Доколку пациентот е со хиподивергентен раст и мандибулата расте према напред и нагоре, употребуваме интермаксиларна влеча за втора класа и антериорни подигувачи за дезартикулација со што ќе настане екструзија на бочните заби, ќе ја зголемиме лицевата висина, ќе го подобриме лицевиот конвекситет и ќе да ја отвориме мандибуларната рамнина. Додека кај пациентите со хипердивергентен тип на раст каде мандибулата има постериорна ротација, третманот со екструзија на бочните заби би ја влошил првичната состојбата, затоа кај овие пациенти, индицираме терапија со интрузија на антериорните заби, со сила на интрузија од 15-20g заради можната ресорпција на корените. Кај пациентите со длабок загриз можеме да употребиме техника на “играње” со позицијата на лепење на брекетите.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Lecture) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine Medical and Health Sciences > Clinical medicine Medical and Health Sciences > Health sciences Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Vesna Trpevska |
Date Deposited: | 12 Dec 2023 12:21 |
Last Modified: | 12 Dec 2023 12:21 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32828 |
Actions (login required)
View Item |