Vitanova-Ringaceva, Ana (2023) Еротските народни песни во македонската и српската традиција во контекст на обредната практика (Врз примери од книгата „Играле моми по месечина“ од Иван Котев и делото на Вук Караџиќ). Савремена српска фолклористика XII. ISSN ISBN: 978-86-7301-193-6
Text
Еротиските народни песни во македонската и српската народна традиција.pdf Download (1MB) |
Abstract
Прикриените манифестации на сексуалноста, најприродно излегуваат на површина во форма на поетски или прозен запис, анегдота, поговорка, пословица, брзозборка и сл. Најизрезената карактеристика на еротскиот фолклор е опсценоста, специфичен код на изразување на сексуалниот порив, што човекот природно го поседува. Еротското како културен феномен опфаќа најразлични обичаи, прописи, забрани, кодови кои се амбивалентно поставени во однос на природното и културолошкото. Слушањето и пеењето еротски песни претставува чин на спознавање, кој упатува на најдлабоките слоеви на човековото постоење. Песните со еротски мотиви всушност претставуваат слика на т. н. праакт на создавањето и обновата на поредокот. Артикулацијата
на половото општење била сосема природна состојба во перцепцијата на нашите предци. Голото човечко тело не се вулгаризирало, напротив, се славело и околу него се развила цела обредна практика во насока на обезбедување плодност. Половиот однос значел сигурно потомство, но и поттикнување на природата да биде плодородна. Еротиката и хуморот се во заемна симбиоза и тие се дел од обредот којшто има магиска функција, при комуникацијата со сакралниот свет и ритуалниот допир со митскиот предок. Играта, танцот, магијата, симболиката на Месечината и лиминалното време во народните песни со еротски мотиви, ќе бидат во фокусот на нашето истражување, преку примери од собирачката дејност на македонските и српските собирачи и фолклористи, Иван Котев и Вук Караџиќ.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Ana Ringaceva |
Date Deposited: | 17 Jan 2024 08:04 |
Last Modified: | 17 Jan 2024 08:04 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32825 |
Actions (login required)
View Item |