Неологизми во современиот германски јазик преку примери од дигиталниот речник OWID

Ivanovska, Biljana and Xhaferri, Gzim (2023) Неологизми во современиот германски јазик преку примери од дигиталниот речник OWID. Годишен зборник на Филолошки факултет 2023, 14 (21). pp. 89-99. ISSN 1857-7059

[thumbnail of 6188-Article Text-10843-1-10-20231207.pdf] Text
6188-Article Text-10843-1-10-20231207.pdf

Download (1MB)

Abstract

Вокабуларот на еден јазик е релативно отворен систем, кој е подложен
секогаш на промени во однос на комуникативните и на когнитивните барања и потреби
на јазичната заедница. Постојано се јавуваат нови зборови во јазичниот систем и постојано постои исчезнување на застарените зборови. Доколку се споредат различните
нивоа на јазичниот систем (фонетика, морфологија, лексика, синтакса, варијациите на јазичниот систем), тогаш се согледува дека лексиконот е област која е најлесно подложна
на промени. Затоа, промената на јазикот е очигледна секогаш прво на лексичко ниво на вокабуларот. Така се создаваат неологизми, од една страна, а од друга страна пак, некои
лексички единици застаруваат и излегуваат од употреба и преминуваат во архаизми. За
зборовите што недостасуваат и изумираат во јазичниот систем ретко се зборува, бидејќи повеќе не се во секојдневната комуникација и употреба. Во овој труд се задржуваме на новите зборови во германскиот лексикон и нивните образувања на сложени јазични елементи (сложенки). Во трудот посебен акцент се става на сложенките образувани со лексемата Krypto, како и на неологизмите преземени од дигиталниот речник на германскиот јазик – OWID.
Клучни зборови: неологизми, потекло, употреба, колокации, значење.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Biljana Ivanovska
Date Deposited: 12 Dec 2023 12:06
Last Modified: 12 Dec 2023 12:06
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32821

Actions (login required)

View Item View Item