Fotov, Risto (2010) Финансиски Менаџмент. Goce Delcev University . ISBN 978-608-4504-27-6
Preview |
Text
finansiski_menadzment.pdf Download (5MB) | Preview |
Abstract
Оваа книга која е пред вас настана како резултат на повеќегодишна работа и проучување на обемна стручна и научна литература од страна на авторот, во врска со проблематиката на финансиите и менаџментот. Основната намена на книгата Финансиски менаџмент е да им помогне на студентите во стекнување на неопходните знаења од областа на деловните финансии, но секако, истата може да им користи и на бизнис секторот во унапредување на процесот на одлучување во делот на корпоративните финансии.
Желбата на авторот е на што поцелосен, попрецизен, јасен и разбирлив начин да им се прикаже и доближи мошне опширната и комплексна област на финансискиот менаџмент (која е мошне динамична и секојдневно се менува и се јавува нешто ново) користејќи притоа аналитички пристап во разаработката на современи методи и техники.
Книгата треба да придонесе за подобро запознавање на читателите со содржините на финансискиот менаџмент, да им се даде поширока и пореална димензија и да се укаже на современите тенденции во областа на корпоративните финансии.
Финансискиот менаџмент нуди одговори на мноштво прашања кои се поврзани со вкупното делување и функционирање на компаниите. Овде секако тежиште се дава на работењето и финансирањето на компаниите, претставено преку оперативни, инвестициони и финансиски активности, како и утврдувањето на неопходните средства и извори за нивно извршување. Едновремено поврзување на наведените активности во функција на донесување на правлини одлуки претставува основен услов и задача на финансискиот менаџер. Се разбира, сето тоа во насока на постигнување на крајната цел, зголемување на вредноста на компанијата, односно зголемување на богатството на акционерите. Во таа смисла, финансискиот менаџмент треба да даде одговор на оптималната употреба, односно користење на средствата, обезбедување на извори за нивно финансирање, обезбедување на оптимален трошок на ангажираниот капитал, одлучувањето за распределбата на добивката, политиката на дивиденди итн., со цел остварување на наведената крајна цел.
Содржината по која е разрботена оваа книга одговара, пред се, на структурата на предметот Финансиски менаџмент, од наставниот план и програмата на Економски факултет при универзитетот Гоце Делчев-Штип. При содржинското покривање на соодветната проблематика од деловните финансии е направен обид за што поконкретна, појасна и поразбирлива обработка на оние тематски целини, прашања и проблеми коишто ќе овозможат непосредна примена во практиката. Содржините на книгата одовараат на современите изучувања, видувања и анализи на финансискиот менаџмент кои се изучуваат на водечките светски високо-образовни институции, како и од сознанијата на водечки автори од оваа област во светот.
Авторот ќе му биде благодарен на секој корисник на книгава што ќе упати добронамерни забелешки, зашто секогаш може и подобро.
Во оваа прилика им изразувам посебна благодарност на рецензентите д-р Трајко Мицески и д-р Крсте Шајноски за корисните сугестии и совети при изработката на овој труд. Нивниот авторитет, научното и стручното ниво, ме обврзуваше во текот на изработката на овој труд да внимавам на секој напишан збор, на секоја искажана мисла и утврден заклучок.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Risto Fotov |
Date Deposited: | 11 Dec 2012 09:02 |
Last Modified: | 19 Jun 2013 07:40 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3280 |
Actions (login required)
View Item |