Физибилити студија за воспоставување на производство на 64Cu и 89Zr радиоизотопи и радиофармацевтици

Kolevska, Katerina (2023) Физибилити студија за воспоставување на производство на 64Cu и 89Zr радиоизотопи и радиофармацевтици. Doctoral thesis, Faculty of Medical Science.

[thumbnail of K.Kolevska PhD Dissertation.pdf] Text
K.Kolevska PhD Dissertation.pdf

Download (1MB)

Abstract

Краток извадок

Воспоставувањето на производство на радиофармацевтски препарати во земјите во развој е предизвик, главно, од економска гледна точка. Оваа физибилити студија претставува објективна анализа на многу аспекти во реализацијата на идејата за воведување нови радиофармацевтски препарати. Физибилити студијата за воспоставување на производство на радиоизотопи бакар-64 (Cooper-64/64Cu) и циркониум-89 (Zirconium-89/89Zr) e оригинално дизајнирана и ги вклучува следните аспекти: анализа на потребите, истражување на пазарот, техничка физибилити анализа, економска анализа, преглед, анализа на сите податоци и заклучок за физибилност.
Анализата на потребите има за цел да утврди дали клиничката примена на 64Cu и 89Zr-радиофармацевтски препарати е можна и оправдана кај нас. Оваа анализа вклучува преглед на примената на 64Cu и 89Zr-радиофармацевтски препарати во клиничките испитувања, како и статистички преглед на податоците поврзани со малигните заболувања. Истражувањето на пазарот е спроведено за да се дефинира географското влијание на пазарот и вклучува дистрибуција на медицинските циклотрони во Европа, како и локациите за производство на радиоизотопите бакар-64 и циркониум-89 во Европа. Оценката на техничката изводливост се базира на анализа на техничките капацитети на производствената локација – Универзитетски институт за позитронска емисиона томографија (УИ ПЕТ), во однос на просторот и опремата неопходни за производство на радиоизотопите бакар-64 и циркониум-89. Економската анализа вклучува финансиска и фармакоекономска анализа, со цел да се оцени оправданоста на воведувањето на нови радиофармацевтски препарати во клиничката пракса. Во оваа физибилити студија беше извршена анализа на трошоците за производство на радиоизотопите бакар-64 и циркониум-89 и радиофармацевтските производи [64Cu][Cu(ATSM)] и 89Zr-trastuzumab. Направена е анализа трошок-придобивка со цел да се направи проценка на трошоците и користа на пациентите за кои би се користел 89Zr-trastuzumab наспроти биопсија, како алтернативна постапка за споредба.
Резултатите од спроведените анализи покажаа и предизвици и можности. Прегледот од статистиката за рак во Република Северна Македонија споредено со земјите на Европска Унија, Јужна Европа и во светот, покажува дека е рационално да се усвојат стратегии кои можат да придонесат за подобро управување со малигните заболувања на национално ниво. Истражувањето на пазарот покажа дека циклотроните се поретко застапени на Балканот, отколку во западноевропските земји, а на Балканскиот Полуостров нема производство на бакар-64 и циркониум-89. УИ ПЕТ има технички капацитет за производство на 64Cu и 89Zr во однос на простор, но неопходна е дополнителна опрема. Финансиската анализа покажа дека интерното производство на двата радиоизотопи (бакар-64 и циркониум-89) во Институтот е поисплатливо отколку нивното набавување.

Клучни зборови: бакар-64, циркониум-89, циклотрон, радиофармацевтски препарати, производство на радиоизотопи.

Item Type: Thesis (Doctoral)
Subjects: Medical and Health Sciences > Health sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Kolevska
Date Deposited: 06 Dec 2023 09:05
Last Modified: 06 Dec 2023 09:05
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32791

Actions (login required)

View Item View Item