Apasiev, Dimitar (2012) Opinio Iuris- Експертско правно мислење по повод измените на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност (1997). [Dataset] (Submitted)
Preview |
Text
10). OPINIO IURIS ZVOSN (11.VII.2012).pdf Download (407kB) | Preview |
Abstract
Ut olim vitiis, sic nunc legibus laboramus = Некогаш страдавме од маните, сега страдаме од законите.
Блез Паскал (Blaise Pascal / 1623–1662)
Ова екпертско правно мислење (opinio iuris) e изработено по повод контроверзните измени и дополнувања на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност (1997). Конкретните, петнаесеети по ред, законски измени се објавени во Службен весник на РМ - бр. 114/2012. Авторот на мислењето, како експерт од пракса и гостин беше званично поканет на 24-та седница на собраниската Комисија за труд и социјална политика - како постојано работно тело во рамки на Собранието на РМ, во чија надлежност беше амандманската пратеничка расправа. Во дискусијата што се разви следуваа неколку излагања, реплики и контрареплики од и кон Министерот за труд г. Спире Ристевски - со цел добронамерно укажување и дообјаснување на штетноста и противуставноста на ваквото законско решение, но за жал ниту едно стручно и правно издржано образложение не беше прифатено од мнозинството членови на ресорната парламентарна Комисија, па Законот беше усвоен онака како што и беше предложен - што, пак, во иднина би повлекло негово оспорување пред Уставниот суд на РМ.
Item Type: | Dataset |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Dimitar Apasiev |
Date Deposited: | 10 Dec 2012 16:47 |
Last Modified: | 10 Dec 2012 16:47 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3279 |
Actions (login required)
View Item |