Paneva, Ana (2023) Раскинување на договорот за доживотна издршка поради променети околности. Десетта Меѓународна научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет". ISSN ISBN: 978-608-244-999-9
Text
Раскинување на договорот за доживотна издршка поради променети околности.pdf Download (811kB) |
Abstract
Овој труд ја обработува темата за раскинување на договорот за доживотна издршка поради променети околности. Фокусот е ставен на анализа на правните фактори кои се релевантни за донесување одлука за раскинување на договорот во овој контекст. Посебно внимание се посветува на примената на принципот rebus sic stantibus кој овозможува раскинување на договорот поради исклучителни промени на околностите кои не можат да се предвидат во моментот на склучување на договорот. Воведната анализа вклучува преглед на правните основи и релевантните законски одредби со цел да се идентификуваат параметрите што треба да се земат предвид при утврдувањето на релевантните промени. Разбирањето на овие фактори има за цел да се подобри правното одлучување и правната пракса во случаите кои вклучуваат раскинување на договорите за доживотна издршка поради променети околности.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Ana Zdraveva |
Date Deposited: | 04 Dec 2023 11:21 |
Last Modified: | 04 Dec 2023 11:21 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32744 |
Actions (login required)
View Item |