Полимерни еко-композитни материјали

Srebrenkoska, Vineta and Bogoeva-Gaceva, Gordana and Dimeski, Dimko (2013) Полимерни еко-композитни материјали. In: Materials engineering. Univerzitet u Novom Sadu, Tehnološki fakultet, Novi Sad, Srbija, pp. 87-101. ISBN 978-86-6253-015-8

[thumbnail of A chapter in a book]
Preview
Text (A chapter in a book)
POLYMER ECO – COMPOSITE MATERIALS.pdf

Download (802kB) | Preview

Abstract

Во последната деценија развојот на нови композитни материјали, раководејќи се од критериумите на индустријата, техничко-економските и еколошките критериуми, сè повеќе е насочен кон добивање материјали со добри механички својства со мали трошоци, а притоа „eco-friendly“ – „пријателски“ кон околината. Наметнатите еколошки опасности од пренатрупувањето на пластичниот отпад и од намалувањето на природните ресурси, нафтата и сите суровини сврзани со натамошното производство на мономери итн., ја поттикнаа потребата од примена на природни материјали, особено оние од обновливите ресурси, во добивање композити, како и испитувањата на можноста за нивна повторна употреба.
Еко-композит е термин кој вообичаено се користи за опишување композитен материјал со еколошки предности во однос на конвенционалните. Според дефиницијата, еко-композитот содржи природни влакна како зајакнувач и природна полимерна матрица, но може да биде и комбинација од природни влакна и биоразградлива полимерна матрица. Со тоа, бројот на полимерните матрици кои можат да се употребат во еко-композитните формулации е значително проширен.
Првиот композитен материјал познат во историјата била глина зајакната со слама, за градење ѕидови направена во стариот Египет пред околу 3000 години, но со развојот на други потрајни материјали како металите, интересот за природните влакна опаднал. Меѓутоа, грижата за околината неодамна резултираше во обновување на интересот за природните материјали, така што рециклирањето и намалувањето на емисиите на СО2 во атмосферата станаа значително поважни при воведувањето нови материјали и производи. Денес сè повеќе се зголемува притисокот на производителите на материјали и крајни производи да го земаат предвид влијанието што го имаат нивните производи врз околината.
Овие барања го поттикнаа интересот на многу индустрии да го насочат фокусот на својот развој кон композитите зајакнати со природни влакна. Денес, полимерните еко-композитни материјали претставуваат предмет на многу научно-истражувачки проекти, како и на многу комерцијални програми.

Item Type: Book Section
Subjects: Engineering and Technology > Materials engineering
Divisions: Faculty of Technology
Depositing User: Vineta Srebrenkoska
Date Deposited: 11 Dec 2012 08:45
Last Modified: 02 Oct 2013 13:54
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3271

Actions (login required)

View Item View Item