Majhosev, Andon and Belovski, Vojo (2012) Трудово право - авторизирани предавања. . (Unpublished)
Preview |
Text
ANDON-VOJO TRUDOVO KNIGA.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
Трудовото право како гранка на правото е една од фундаменталните правни дисциплини. Некои автори оваа правна дисциплина уште ја нарекуваат наука за работните односи, бидејќи во најголема мера таа ги проучува правните норми, начела, принципи и институти кои се однесуваат на трудот и работниот однос. Денес, Трудовото право има големо значење во системот на правни дисциплини и правниот систем на секоја држава, бидејќи трудот (работниот однос) е основата на секоја држава, без разлика на степенот на општествено економскиот развој на истата.Денес во академската средина генерално преовладуваат два основни пристапи во изучувањето на овој предмет. Едниот пристап се однесува на изучување на трудовото право во потесна смисла (само работните односи) и вториот пристап е проучување на трудовото право во поширока смисла на зборот, каде освен работните односи се изучуваат и правата на социјално осигурување.
Нашиот пристап во изучувањето на овој предмет е во поширока смисла на зборот, бидејќи авторизираните предавања се така коцепирани да студентите се стекнат со солидно теоретско и практично сознание од областа на работните односи, но и другите права кои произлегуваат од работниот однос, односно правата на социјалното осигурување (пензиско-инвалидско, здравствено, осигурување во случај на невработеност и сл.). Со поширокиот пристап сметаме дека студентите ќе стекнат поширока престава и сознанија за правата, обврските и одговорностите од работниот однос и правата од социјално осигурување.
Item Type: | Teaching Resource |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Marija Kalejska |
Date Deposited: | 10 Dec 2012 16:35 |
Last Modified: | 07 Aug 2015 08:46 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3268 |
Actions (login required)
View Item |