Анатомија со физиологија на домашните животни за II година Земјоделско-ветеринарна струка, профил: Агротехничар средно стручно четиригодишно образование. Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија

Nakov, Dimitar (2022) Анатомија со физиологија на домашните животни за II година Земјоделско-ветеринарна струка, профил: Агротехничар средно стручно четиригодишно образование. Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија. Ministerstvo za obrazovanie i nauka na Severna Makedonija.

[thumbnail of Anatomija so fiziologija na domasnite zivotni za web.pdf] Text
Anatomija so fiziologija na domasnite zivotni za web.pdf

Download (9MB)

Abstract

Историскиот развој на анатомијата и физиологијата на животните нераскинливо е поврзан со обидите на човекот да најде одговор на прашањата кои се однесуваат на настанувањето на животот, еволуцискиот развој на животните, нивната градба, како и на физичките и хемиските процеси во живите организми. Анатомијата ги нагласува морфолошките карактеристики на животните, додека физиологијата ги интегрира знаењата за функциите на клетката, ткивата, органите и органските системи во телото, со цел адаптација на животните во животната средина. Денес, анатомијата и физиологијата на животните користат современи научни методи за подетално изучување на структурата и функцијата на одделни органи и цели органски системи во организмот на животните. Овие две базични научни дисциплини се основа за развојот на сите останати научни дисциплини од полето на ветеринарната медицина. Изобилуваат со многу стручна терминологија и со нејзините латински називи. Новите научни достигнувања постојано ја надградуваат базата на знаења од областа на анатомијата и физиологијата. Нераскинлив дел од овие научни дисциплини претставуваат лабораториските истражување, во кои преку примена на современи практични техники се овозможува продлабочување на знаењата за градбата и функционирањето на живите организми. Анатомијата се служи со техниките на расекување на телата од пцовисани животни со цел нивно детално проучување. Во физиологијата се практикуваат различни техники за да се пронајде начинот на кој организмот во целина, или одредени органи, ткива и клетки реагираат на промените во надворешната и внатрешната средина.
Учебникот „Анатомија со физиологија на домашните животни“ за учениците во II година, од образовниот профил/квалификација агротехничар, систематски е структуриран во поглавја кои ги проучуваат различните органски системи и нивната функција во организмот на ’рбетните животни. Поради обемноста на материјата која ја проучуваат овие две научни дисциплини, учебникот е адаптиран да содејствува со спознаените способности, согласно возраста и предзнаењата на ученикот. Учебникот има за цел да им помогне на учениците да ги разберат основните форми и функции на ’рбетниците. Ова ќе го поттикне и мотивира ученикот кон продлабочување на знаењата и успешно совладување на останатите сродни научни дисциплини во текот на неговото понатамошно образование.

Item Type: Book
Subjects: Agricultural Sciences > Veterinary science
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Dimitar Nakov
Date Deposited: 22 Nov 2023 10:44
Last Modified: 22 Nov 2023 10:44
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32618

Actions (login required)

View Item View Item