Зоохигиена со дезинфекција, дезинсекција и дератизација, учебник за II година Земјоделско-ветеринарна струка, профил: ветеринарен техничар. Министерство за образование и наука на Република Македонија

Trajchev, Metodija and Nakov, Dimitar (2010) Зоохигиена со дезинфекција, дезинсекција и дератизација, учебник за II година Земјоделско-ветеринарна струка, профил: ветеринарен техничар. Министерство за образование и наука на Република Македонија. Ministerstvo za obrazovanie i nauka na Severna Makedonija.

[thumbnail of Zoohigiena.pdf] Text
Zoohigiena.pdf

Download (91MB)

Abstract

Учебникот зоохигиена со дезинфекција, дезинсекција и дератизација првенствено е наменет за учениците од втора година во средните училишта со земјоделско – ветеринарна струка, за профилот ветеринарен техничар. Досега, учениците го користеа учебникот по зоохигиена напишан 1992 година од проф. д-р Жарко Маџиров.
Учебниот има за задача на учениците да има овозможи стекнување на потребните знаења за сите области на изучување предвидени со наставната програма изготвена од Бирото за развој на образованието при Министерството за образование и наука на Република Македонија. Во ракописот, обработени се сите тематски единици од програмата согласно предвидениот фонд на часови за изведување на наставата по предметот зоохигиена со дезинфекција, дезинсекција и дератизација.
По реализирањето на целокупниот наставен план и програма по овој предмет секој ученик треба да се стекне со:
- основни познавања за фармерство и сточарско производство;
- познавања за системите на одгледување на животните;
- начинот на изградба на објектите за сместување на животните и нивното опремување;
- познавања за испитување на производната средина, нивните односи со здравјето, продуктивноста и болестите на животните;
- основни познавања за хигиената на молзење и одгледување на младенчињата, како и хигиената на телото на животните;
- основни познавања за хигиената на храната и исхраната и болестите поврзани со неправилната исхрана.

Имајќи во предвид дека оваа програма е изготвена 2006 година, во процесот на подготовка на овој учебник се дојде до констатација дека фондот на часови предвиден со програмата, за некои тематски единици не соодветствува со обемот на материјалот кој треба да им се презентира на учениците. Затоа, потребно е наставната програма да претрпи одредени измени и дополнувања. Тие измени не треба да се однесуваат само на фондот на часови, туку и на збогатување на наставната програма со проблематики не се застапени во актуелната програма. Така на пример, во Република Македонија во 2007 година за прв пат се донесе Закон за благосостојба на животните, легислатива која ги регулира условите под кои треба да се одгледуваат домашните животни, особено во интензивните системи, а без притоа да се нарушат природните потреби на животните. Со оглед дека оваа проблематика е предмет на изучување во зоохигиената, треба да се предвидат одреден број часови за благосостојбата на животните (animal welfare). Понатаму, во учебникот по зоохигиена потребно е да предвиди една тематска единица која ќе се однесува на здравственото однесување на животните (behavioral medicine) кое е едно ново поглавjе во современата зоохигиената.
Предложените измени и дополнувања ќе им овозможат на учениците следење на тековните трендови во зоохигиената. Од тие причини, во некои од тематските единици во делот прашања и задачи предвидени се активности за наставниците и учениците во правец на истражување во овие области кои не се предвидени со наставната програма, а се дел од зоохигиената.

Item Type: Book
Subjects: Agricultural Sciences > Animal and dairy science
Agricultural Sciences > Veterinary science
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Dimitar Nakov
Date Deposited: 22 Nov 2023 10:42
Last Modified: 22 Nov 2023 10:42
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32614

Actions (login required)

View Item View Item