Bogdanovski, Zoranco and Gorgievski, Blagoja and Despodov, Zoran (2009) Подземна експлоатација на наоѓалиштето за јаглен Живојно. Зборник на трудови - Технологија на подземна експлоатација на минерални суровини (9).
Preview |
Text
Podex'09-tr.3.M.Kamenica.pdf Download (3MB) | Preview |
Abstract
Во трудот е презентирана геологијата и подземната експлоатација на наоѓалиштето за јаглен Живојно со високопродуктивна откопна метода - метода со широко чело. Наоѓалиштетот Живојно ќе претставува сигурна суровинска база на обезбедување на ТЕЦ Битола со јаглен во идниот период.
Наоѓалиштето Живојно е трето главно наоѓалиште за јаглен на Пелагонискиот регион и претставува потенцијален извор на суровинска база за термоцентралата Битола. Поради поголемата оддалеченост од ТЕ Битола и послабите можности за површинска експлоатација (повисок коефициент на откривка), искористувањето на ова наоѓалиште е предвидено за периодот после завршувањето со експлоатација на останатите поповолни јагленови наоѓалишта во пелагонискиот регион. Наоѓалиштето за јаглен Живојно се наоѓа во Пелагонискиот басен во јужна Македонија, на приближно 35км југоисточно од градот Битола. Северниот крај на лежиштето е на приближно 5 км јужно од наоѓалиштето Брод - Гнеотино и 15 км јужно од рудникот Суводол. На север е ограничено со Црна Река, а на југ со границата со Грција. Не постои природна дефинирана западна граница на наоѓалиштето Живојно и во овој дел наоѓалиштето не е испитано поради големата длабочина на која се наоѓа јагленовиот слој.
Item Type: | Article |
---|---|
Uncontrolled Keywords: | Подземна експлоатација, јаглен, отворање |
Subjects: | Engineering and Technology > Other engineering and technologies Natural sciences > Other natural sciences |
Divisions: | Faculty of Natural and Technical Sciences |
Depositing User: | Zoran Despodov |
Date Deposited: | 10 Dec 2012 15:15 |
Last Modified: | 11 Jun 2013 07:17 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3260 |
Actions (login required)
View Item |