Koleva, Blagica and Gorgieva-Trajkovska, Olivera and Dimitrova, Janka (2023) Предизвици во сметководствената професија во Р.С. Македонија. In: Предизвици во сметководствената професија во Р.С. Македонија, 10 Nov 2023, Штип. (In Press)
Text
Агенда-Меѓународен ден на сметководството 2023 (1).pdf Download (123kB) |
|
Text
10.11.Предизвици во сметководствената професија.pdf Download (84kB) |
|
Text
Ден на сметководството.pdf Download (223kB) |
Abstract
Денес, 10 ноември, во светот се одбележува Меѓународниот ден на сметководството како професија, за да им се одаде признание на сметководителите кои имаат работа полна со предизвици, работа на која малку луѓе се подготвени да се посветат.
Во Република Северна Македонија, овој ден за прв пат беше прославен во 1972 година како “Ден на сметководствената кариера”, за да се промовира сметководствената професија, а од 1976 година продолжи да се одбележува како “Ден на сметководството”.
Сметководителите се клучна алка во основањето и одржувањето на секој успешен бизнис и се од непроценлива важност за развојот на секоја економија, за ефикасно функционирање на пазарите на капитал и за интернационализација на работењето на компаниите. Комплексните деловни структури имаат потреба од професионални сметководители, способни и подготвени да се справат со секојдневните предизвици поврзани со сметководствената евиденција, се со цел да ја подобрат транспарентноста, објективноста и веродостојноста на финансиското известување, кои се императив за ефикасно деловно одлучување.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Blagica Koleva |
Date Deposited: | 15 Nov 2023 13:14 |
Last Modified: | 15 Nov 2023 13:14 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32550 |
Actions (login required)
View Item |