Denkova, Jovanka (2023) Адолесцентскиот роман „Името ми е Вивиен Ли“ од Горјан Петревски - мозаик на сите лица на младоста и животот. In: Pelagoniski kulturno-naucni sredbi, 10/17-18/2022, Novaci.
Text
Pelagoniski sredbi, 2023.pdf Download (827kB) |
Abstract
Романот ,,Името ми е Вивиен Ли“, кој ќе биде предмет на оваа студија, е современ љубовен роман создаден според вистината на една тинејџерка, како втор дел од романот ,,Снеговите на Климентина Евин“, објавен во 2020 година во ,, Македонска реч“ во Скопје. На тој начин, романот „Името ми е Вивиен Ли“ е „ехо“ или „продолжение“ на својот триесет години постар „татко“, романот „Снеговите на Климентина Евин“ (1991): постарата книга не само што е важен елемент во новата книга, туку и главната тема во „Името ми е…“ е иста како и онаа на „Снеговите…“: недозволената љубов на една извонредно интелигентна (свесна, помеѓу другото, за постмодерната и за „компаративната“) деветтоодделенка кон младиот и згоден „Норвежанец“, наставник дојден на замена. Но, за разлика од „Снеговите на Климентина Евин“, во „Името ми е Вивиен Ли“, речиси и да не се појавува наставникот, а дејствието се фокусира главно на протагонистката/нараторка Вивиен Ли и на нејзината неразделна другарка.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Jovanka Denkova |
Date Deposited: | 03 Nov 2023 08:30 |
Last Modified: | 03 Nov 2023 08:30 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32490 |
Actions (login required)
View Item |