Македонската географска мисла во XIX и почетокот на XX век

Dimitrov, Nikola (2023) Македонската географска мисла во XIX и почетокот на XX век. In: Свечена академија - над 150 години македонска географска мисла и 100 години организирано географско образование (21.12.2022). Македонско географско друштво - Институт за географија, Скопје, pp. 13-43. ISBN 978-608-65155-6-0

[thumbnail of Никола В. Димитров, (2023) Македонската географска мисла во XIX и почетокот на XX век.pdf] Text
Никола В. Димитров, (2023) Македонската географска мисла во XIX и почетокот на XX век.pdf

Download (4MB)

Abstract

Училишната историја на Македонија започнува во IX век, со мисијата на браќата Св. Кирил и Методиј, кои ја шират писменоста, а продолжила во X век со манастирско-ќелијни богословски училишта основани од Св. Климент и Св. Наум. Речиси во исто време во Македонија започнува првата книжевна школа во која рачно се препишувала свештена литература за богослужба во христијанските цркви и манастири која продолжува низ средниот век. Со освојување на Балканот од Османската Империја, започнува епоха на распаѓање на христијанските образовни и просветни центри. Голем дел од тогашните учени луѓе биле убиени, заробени, депортирани, дел останале во Македонија а дел од нив емигрирале во соседните балкански и европски земји. Возобновувањето на книжевно-просветната дејност се случува кон средината на XV век. Во црквите се формираат ќелијни училишта со што повторно била организирана просветна дејност. Овие училишта во периодот од XV до XIX век биле единствената форма на образование и одиграле важна улога во зачувувањето на книжевните и просветните традиции. Од средината на XIX во образовниот систем на просторот на Македонија во училиштата се појавува географијата како посебен наставен предмет заедно со уште десетина други наставни предмети.
Идентитетот на секој народ се отсликува со мајчин јазик, национална историја и национална географија. Во трудот може да се согледа преплетување на трите атрибути во еден, а тоа е идентификација на Македонци во Македонија. Сепак, во трудот посебно се фокусираме на географијата. Во текстот што следи ќе дадеме преглед како се одвивал процесот на развојот на географијата од наставен предмет до географска научна мисла. Односно кога се појавува географијата како наставен предмет во училиштата и како се одвивало ширењето на географската мисла во Македонија во XIX и почеток на XX век. Имено, развојот на македонската географска мисла во XIX и почетокот на XX век се одвивал низ четири фази: фаза на први географски поучувања во наставата, фаза на географијата како наставен предмет, фаза на први учители образовани да предаваат географија, и четврта фаза на први географски учебници, стручни и научни трудови.

Item Type: Book Section
Subjects: Natural sciences > Other natural sciences
Social Sciences > Other social sciences
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Nikola Dimitrov
Date Deposited: 30 Oct 2023 09:14
Last Modified: 30 Oct 2023 09:14
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32461

Actions (login required)

View Item View Item