Евалуација на познавањата за медитеранската диета кај студентите по фармација во Косово

Aliaga, Armend and Aliaga, Lindita and Gjorgieva Ackova, Darinka (2023) Евалуација на познавањата за медитеранската диета кај студентите по фармација во Косово. In: Прв симпозиум со меѓународно учество од областа на фармацијата „Фармацевтска грижа: актуелности, можности, предизвици“, 23 Sept 2023, Stip.

[thumbnail of Armend Aliaga et al., Abstract - final.pdf] Text
Armend Aliaga et al., Abstract - final.pdf

Download (151kB)
[thumbnail of Poster Prezentimi - Armend Aliaga(1).pdf] Text
Poster Prezentimi - Armend Aliaga(1).pdf

Download (507kB)
[thumbnail of Kniga-na-apstrakti-fmn-farmacija - final.pdf] Text
Kniga-na-apstrakti-fmn-farmacija - final.pdf

Download (1MB)

Abstract

Медитеранската диета (МД) денес се смета како главен пример за одржливи диети. МД е поврзана со голем број здравствени придобивки, вклучувајќи намален ризик од смртност и помала инциденца на кардиоваскуларни, метаболички болести и други. Според објавените академски истражувања, повисокото придржување кон МД е поврзано со помал ризик од метаболички синдром, како и ментални проблеми.
Оваа студија се фокусира на извлекување заклучоци за моменталната состојба на познавањата за МД кај студентската популација во Косово, а крајната цел на оваа студија беше да ги зголеми информациите за придобивките од придржувањето кон истата во намалувањето на некои хронични заболувања.
Главен инструмент на студијата беше онлајн прашалникот, дистрибуиран и пополнет од учесниците во мај 2023 година. Добиените резултати покажуваат дека 56% од учесниците биле информирани за МД преку социјалните мрежи, а 17% за првпат дознале на факултет. 47% од студентите сметаат дека MД може да го промени начинот на живот. Повеќето од учесниците, 78%, се согласија дека придржувањето кон МД, ако е ограничен внесот на калории, може да помогне во губењето и одржувањето на тежината. Студентите по фармација генерално се заинтересирани за МД бидејќи мислат дека МД игра важна улога во животниот стил и е добар избор за здравјето на телото и умот.
Резултатите од спроведеното истражување покажаа дека информираноста и познавањата за МД кај студентската популација се ниски до умерени и мора да се зголемат не само кај студентите, туку и воопшто. Потребни се дополнителни стратегии кои треба да се спроведат за да се направи MД попозната, поблиска и да се акцентираат здравствените придобивки.

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Darinka Gorgieva Ackova
Date Deposited: 26 Oct 2023 09:49
Last Modified: 26 Oct 2023 09:49
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32439

Actions (login required)

View Item View Item