Комуналните услуги во паметните градови

Doneva, Nikolinka and Zendelska, Afrodita and Lepitkova, Sonja and Dimov, Gorgi and Hadzi-Nikolova, Marija (2023) Комуналните услуги во паметните градови. In: 11та меѓународна конференција „Комуналните услуги во паметните градови", 18-19 Oct 2023, Skopje. (Unpublished)

[thumbnail of Programa Konferencija ADKOM.pdf] Text
Programa Konferencija ADKOM.pdf

Download (1MB)

Abstract

Јавните комунални претпријатија во нашата држава се носители на комуналните услуги. Квалитетот на услугите кои тие го звршуваат во голема мера има влијание врз квалитетот на секојдневното живеење на граѓаните. Со цел унапредување на квалитетот на комуналните услуги, нивната модернизацијата преставува императив во работењето на Јавните комунални претпријатија (ЈКП) и Општините. Потребата од регулација на водните услуги и услугите за управување со отпад, воспоставување на квалитетен третман на отпадните води и изнаоѓање на методи за одржливост на пречистителните станици, водење чекор со најновите технологии во управување со водните услуги, постојана транспарентност и комуникација со своите корисници се само мал дел од прашањата кои постојано се исправени пред јавните комунални претпријатија.
Размената на искуства помеѓу колегите од комуналниот сектор и неопходноста од постојани инвестиции во знаењето и усовршувањето на човечките капацитети, ја наметнува потребата од организирање на стручни дебати и конференции кои отвораат дискусии за достапните технички решенија и споделување на лекции научени од минатото преку искуствата на регионалните и меѓународните експерти од комуналниот сектор.
Конференцијата „Комуналните услуги во паметните градови“ има за цел експертите од оваа област да ги отворат темите што претставуваат предизвик на сите современи јавни комунални претпријатија чија цел е да бидат дел од новото време, успешно да се имплементираат во идните „паметни градови“ и да се изградат во „партнер на граѓаните”.

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Nikolinka Doneva
Date Deposited: 30 Oct 2023 13:11
Last Modified: 30 Oct 2023 13:11
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32437

Actions (login required)

View Item View Item