Apostolova, Paulina and Arev, Marija and Janevik-Ivanovska, Emilija (2023) Приоди за радиобележување со Астатин-211. In: Прв симпозиум со меѓународно учество од областа на фармацијата, „Фармацевтска грижа, актуелности, можности, предизвици“, Штип, Р. Македонија.
Text
Abstract book.pdf Download (1MB) |
|
Text
Poster.pdf Download (166kB) |
Abstract
Астатин-211 (211At) е радиоактивен изотоп кој емитира алфа честици. Во последниве години постои голем интерес за негова употреба во таргетирана алфа терапија кај пациенти со различен малигнитет. Тој е најреткиот и нај нестабилниот елемент во природата кој се добива во циклотрон. Астатинот припаѓа на групата на халогени елементи, но покажува и карактеристики на метал, што го прави елемент со дуална природа и со различни карактеристики при споредба со халогените. Во широката палета на биомолекули кои се користат како таргет за радиобележување, опишани се поголем број, меѓу кои најмалите нанободи, пептиди, фрагменти од антитела, па се до најголемите моноклонални антитела. Предизвикот при радиобележувањето со астатин-211 е неговото релативно кратко време на полураспаѓање од 7,2 часа. Механизмот на радиобележување на моноклонални антитела, познат како астатинација, вклучува нуклеофилна супституција со халогени елементи или електрофилно раскинување на врската со калај и замена со астатин (дестанилација). Овие два механизми може да се изведат преку постапка што вклучува обележување во еден чекор, односно вклучува пред-третман на конјугација на моноклоналното антитело и потоа директно обележување со радиоактивен астатин-211. Исто така, антителото може да се обележи и со постапка во два чекора, каде што се користи простетична група која примарно стапува во реакција со радиоактивниот астатин-211, а потоа се обележува антителото.
И двата начина даваат задоволителни резултати за принос по радиобележување и радиохемиска чистота, но се разликуваат во времето потребно за нивна изведба. Последните истражувања се насочени на користење на кластери од бор како простетична група, за да се надмине ослободувањето на радиоактивен слободен астатин-211.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Marija Arev |
Date Deposited: | 24 Oct 2023 09:21 |
Last Modified: | 01 Feb 2024 10:25 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32428 |
Actions (login required)
View Item |