Коренски кариес - фактори на ризик, превентивни и реставративни мерки

Longurova, Natasa and Zlatanovska, Katerina and Kovacevska, Ivona (2023) Коренски кариес - фактори на ризик, превентивни и реставративни мерки. Knowledge – International Journal, 60 (4). ISSN 1857-923X

[thumbnail of KIJ, Vol. 60.4 Prvi strani.pdf] Text
KIJ, Vol. 60.4 Prvi strani.pdf

Download (822kB)
[thumbnail of ROOT+CARIES+-+RISK+FACTORS,+PREVENTIVE+AND+RESTORATIVE+MEASURES.pdf] Text
ROOT+CARIES+-+RISK+FACTORS,+PREVENTIVE+AND+RESTORATIVE+MEASURES.pdf

Download (764kB)

Abstract

Резиме:Забниот кариес претставува инфективно заболувања на тврдите забни ткива кое е предизвикано од страна на оралната флора, кои заедно со факторот- домаќин и факторот- исхрана влијаат во процесот на деминерализација на тврдите забни ткива и формирање на кавитет. Кариесот на коренот на забот претставува мултифакторна болест која се јавува кај постарата популација и се поврзува со физиолошката рецесија на гингивата поврзана со стареењето што значително се влошува кога е во комбинација со лоша орална хигиена. Поради тоа што коренскиот кариес претставува мултифакторна болест, може да има повеќе фактори што допридонесуваат за негово појавување, дали ќе станува збор за интраорални фактори, бихејвиорални фактори, или пак фактори поврзани со популацијата, сите тие го зголемуваат ризикот на поединецот да развие кариес на коренот на забот. Повеќе студии покажуваат дека поголемиот дел од коренските кариеси се примарни лезии. Оваа укажува на фактот дека поголемиот дел со контролирањето/модифицирањето на факторите на ризик може да го спречи настанувањето но и прогредирањето на коренскиот кариес на забот.
Целта на овој труд беше да се потенцираат ризик фактори за појава на коренски кариес, начин на превенција и третман.За реализација на овој труд беа користени повеќе научно- истражувачки трудови, литературно пребарување преку електронскaтa дата базa на податоци PubMed и анонимен анкетен прашалник со цел да се добијат информации во однос на искуството кое го имаат стоматолозите поврзано со коренскиот кариес, во однос на тоа како ја менаџираат оваа стоматолошка проблематика.
Идентификувањето на ризик фактори што придонесуваат за настанување на коренски кариес на забот е важен фактор за еден стоматолог, бидејќи со негово идентификување и елиминирање се постигнува успех во однос на превентивните мерки за спречување да не настане коренски кариес на забот. Постојат голем број на ризик фактори, кои што сите дали дирекно или индирекно се причина за развој на коренски кариес, а според нашите испитаниците како најчести фактори кои што се посочени за оваа проблематика се: лоши рабови на коронки, лоши рабови на рестарвации, лоша орална хигиена и гингивална рецесија.Затоа, најдобриот превентивен третман ќе ни се состои од идентификувањето на ризик фактори, подобрувањe на оралната хигиена, ограничувања во внесувањето на јагленихидрати и редовни стоматолошки контроли.
Клучни зборови: Дентален кариес, кавитет, возрасна популација

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Natasa Longurova
Date Deposited: 24 Oct 2023 08:43
Last Modified: 24 Oct 2023 08:43
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32423

Actions (login required)

View Item View Item