ТИВА со пропофол-ремифентанил наспроти балансирана анестезија со севофлуран-фентанил при хируршки и гинеколошки операции

Bibovska, Androniki (2013) ТИВА со пропофол-ремифентанил наспроти балансирана анестезија со севофлуран-фентанил при хируршки и гинеколошки операции. Other thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of Специјалистички труд Андроники Бибовска.pdf] Text
Специјалистички труд Андроники Бибовска.pdf

Download (3MB)

Abstract

Брзиот развој на медицинската наука и анестезиологијата како нејзина гранка,
побаруваат нови методи на работа со кои би го зголемиле задоволството на
пациентите. Секојдневие стануваат еднодневните операции (one day surgery) и
понеинвазивните методи на работа и заради тоа анестезиологијата наоѓа
начини на водење на пациентите со техники кои овозможуваат брзо будење и
опоравување, без болка и без чувство на гадење и повраќање. Долги години
балансираната анестезија со анестетички гас (севофлуран) и фентанил беше
најчесто користена комбинација, но полека тренд во анестезиологијата станува
ТИВА (тотална интравенска анестезија). Целта на овој труд е преку анализа на
степенот на постоперативна болка и чувството на гадење и повраќање, се
утврди дали едната техника на анестезија има предност во однос на другата и
при која техника на анестезија задоволството на пациентите е поголемо. Во
период од 6 месеци (јуни 2012-ноември 2012 год) испитани беа 60 пациенти со
АСА класификација 1, со методот на слепа проба. Кај 30 од нив беше
спроведена балансирана анестезија со севофлуран и фентанил, а кај 30 со
ТИВА. Сите предоперативно беа премедицирани со таблета мидазолам од 7,5
мг, а 15 минути пред завршувањето на оперативната интервенција примија
амп. кетопрофен (нифлам) 100 мг и ампула парацетамол 1 г.
Клучни зборови: перфузерска пумпа, мониторинг, титрирање, аналгезија

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 18 Oct 2023 10:47
Last Modified: 18 Oct 2023 10:47
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32419

Actions (login required)

View Item View Item