Туризмот во урбаните средини

Metodijeski, Dejan and Filiposki, Oliver and Taleska, Milena and Todorovic, Emilija and Angelkova, Tanja and Kitanov, Vladimir and Sazdova, Julijana (2023) Туризмот во урбаните средини. Туристика, Скопје. ISBN 978-608-4872-19-1

[thumbnail of Turizam vo urbani sredini.pdf] Text
Turizam vo urbani sredini.pdf

Download (2MB)

Abstract

Долго време туризмот бил поврзуван со движење на градското население кон руралните средини или приморските дестинации поради одмор, екскурзија и др. Концептот на урбаниот туризам влегол во агендата на авторите кои се занимаваат со туризмот во 80-те години на минатиот век, кога многу градови започнале да се развиваат како туристички дестинации. Од тогаш па до денес, урбаниот туризам е прифатен како посебен вид туризам и напишани се голем број трудови поврзани со него.
Предмет на истражување на оваа книга е туризмот кој се одвива во урбаните средини и ги презентира урбаниот начин на живот, уметноста, културата и наследството на истите. Во основа, урбаниот туризам е активност која се одвива во урбаните средини. Како таква, таа претставува комплексна област, како од аспект на понудата, така и од аспект на побарувачката и во неа може да бидат вклучени најразлични видови туризам.
Оваа книга има за цел да понуди истражување на литературата и концептите за урбан туризам и како тие концепти би можеле на најуспешен начин да се применат во областа на урбаниот туризам во нашата земја.
Суштината на трудот се содржи во три главни делови. Првиот дел, кој е насловен „Поим за туризам и урбан туризам”, ги опфаќа дефинирањето на поимот туризам и критериумите за поделба на видовите туризам, како и дефинирањето на поимот урбан туризам. Првиот дел завршува со анализа на досегашните научни истражувања до кои што имаме пристап, а се однесуваат на урбаниот туризам (историски развој, дефинирање, просторен опфат, видови на туризам во урбаната средина).
Вториот дел се концентрира на факторите за постоење и развој на урбаниот туризам. Земени се во предвид: природните и антропогените вредности, инфраструктурата, сместувачките капацитети, вработувањето во туризмот, исхраната, атракциите, институционалната рамка, туристичката политика, посредништвото, туристичките водичи, информациските технологии, понудата и побарувачката на урбаниот туризам, маркетингот во урбаниот туризам, креативните индустрии во функција на урбаниот туризам и др. Исто така, земени се примери од различни земји во светот преку кои е прикажана состојбата на урбаниот туризам и неговата функција во полза на подобрување на социо-економската состојба на градовите. Користени се статистички податоци кои укажуваат на степенот на развој и видот на урбан туризам во овие земји. Во овој дел се претставени и некои меѓународни организации кои го помагаат развојот на урбаниот туризам и имаат голема улога во дефинирањето и насоката на урбаниот туризам во иднина.
Третиот дел е посветен на состојбите и можностите за развој на урбаниот туризам во Македонија. Овој дел го опфаќа истражувањето од кое се добиени податоци за моменталната состојба и потенцијалите на урбаниот туризам во регионалните центри во земјата.
Во материјалот се презентирани современите светски тенденции во развојот на урбаниот туризам. Во изработката на книгата користена е соодветна стручна литература и релевантни интернет извори од областа на туризмот во урбаните средини.
Имајќи предвид дека ова е прво издание на книгата, можеби сме пропуштиле некои важни елементи поврзани со урбаниот туризам. За сите забелешки, мислења и коментари, авторите ќе Ви бидат благодарни и ќе ги земат предвид при создавањето на второто дополнето и проширено издание. Исто така, искажуваме благодарност и до сите наши колеги и соработници кои дадоа придонес во обезбедувањето на неопходните материјали за комплетирање на книгата, како и на рецензентите за укажаните искрени и конструктивни сугестии.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dejan Metodijeski
Date Deposited: 16 Oct 2023 09:17
Last Modified: 16 Oct 2023 09:17
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32388

Actions (login required)

View Item View Item