Младинските патувања и туризмот

Metodijeski, Dejan and Filiposki, Oliver and Todorovic, Emilija and Kitanov, Vladimir and Angelkova, Tanja and Sazdova, Julijana and Micevski, Mladen (2023) Младинските патувања и туризмот. Туристика, Скопје. ISBN 978-608-4872-17-7

[thumbnail of Mladinskite patuvanja i turizmot.pdf] Text
Mladinskite patuvanja i turizmot.pdf

Download (809kB)

Abstract

Книгата „Младинските патувања и туризмот“ е наменета за сите кои работат во секторот туризам и угостителството, за академската јавност, студентите, истражувачите, учениците, заинтересираните страни од приватниот, јавниот и невладиниот сектор кои директно или индиректно се поврзани со туризмот. Книгата е изготвена со цел да се збогати постоечката литература поврзана со проблематиката на современите трендови и тенденции во младинскиот туризам. Материјалот во книгата е поделен во три основни поглавја.
Првиот дел е посветен на развојот на туризмот и патувањата, а опфатен е материјалот кој се однесува на дефинирање и развој на туристичките патувања, трендови и тенденции во туристичката индустрија и алтернативните форми на туризам.
Во вториот дел се обработува материјата поврзана со постанок на младинскиот туризам, дефинирање на младинскиот туризам, главни карактеристики на младинскиот туризам, побарувачка на младински туризам, понуда на младински туризам, објекти за сместување, туристичка анимација, меѓународни организации, туристичко водење, угостителство, превозни средства, младински картички и младински центри.
Во третиот дел од книгата се обрнува внимание на материјалот кој ги третира различните форми на туризам поврзани со младинските патувања како: едукативен туризам, бекпекер туризам, спортски туризам, активен туризам, волонтерски туризам, манифестациски туризам и младински туризам за одмор и рекреација.

Имајќи предвид дека ова е прво издание на книгата, можеби сме пропуштиле некои важни елементи поврзани со младинските патувања и туризмот. За сите забелешки, мислења и коментари, авторите ќе Ви бидат благодарни и ќе ги земат предвид при создавањето на второто дополнето и проширено издание. Исто така, искажуваме благодарност и до сите наши колеги и соработници кои дадоа придонес во обезбедувањето на неопходните материјали за комплетирање на книгата, како и на рецензентите за укажаните искрени и конструктивни сугестии.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dejan Metodijeski
Date Deposited: 16 Oct 2023 09:16
Last Modified: 16 Oct 2023 09:16
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32387

Actions (login required)

View Item View Item