Taseva Vasileva, Ana Marija and Milunovikj, Tomislav and Klinceva, Milka and Mitrev, Zan (2023) Хипертрофична кардиомиопатија со компликација масивна пулмонална емболија. In: 7. Македонски кардиолошки конгрес.
Text
Poster prezentacija.pdf Download (264kB) |
|
Text
Zbornik-Kardilogija-Kongres-2023_V2.2-1-4.pdf Download (1MB) |
|
Text
Zbornik-Kardilogija-Kongres-2023_V2.2-141-142.pdf Download (107kB) |
|
Text
NAJNOVI KOREKCII PROGRAMA MKD 16.09.2023 НАЈНОВО (1).pdf Download (902kB) |
Abstract
Вовед: Хипертрофичната кардиомиопатија претставува задебелување на срцевиот мускул (≥ 15мм) симетрично или асиметрично, често генетски одредено. Заболувањето може да
биде асимптоматско долги години пред да се појават знаци за исхемија и аритмии, кои можат да доведат до нагла смрт. Постоењето на повеќе кардиоваскуларни ризик фактори
води до зголемен морбидитет и морталитет. Целта на овај приказ на случај е да покажеме една дијагноза не исклучува постоење на други дијагнози.
Материјали и методи: Кај маж на 67 годишна возраст, со симптоми на гушење и замор (NYHA 3) „во последно време“, прележан инфаркт на миокардот и пласиран стент на
циркумфлексната артерија беше направенa трансторакална ехокардиографија. Кардиоваскуларни ризик фактори: артериска хипертензија, дијабетес мелитус тип 2, бенигна хиперплазија на простата, хронична бубрежна инсуфициенција. Трансторакалната ехокардиографија покажа изразена хипертрофија со опструкција во мид делови и апикална дискинезија. Направени се лабараториски анализи и магнетна резонанца на срце.
Резултати: Магнетната резонанца на срце како случаен наод покажа масивна пулмонална емболија во главните пулмонални артерии и тромб во апекс на левата комора, ексцентрична изразена хипертрофија (септум 23мм) и невијабилен миокард во 41%. Пациентот беше хоспитализиран, ординирана беше перорална антикоагулантна терапија со апиксабан според протокол. После отпуст од болница пациентот е со подобрена клиничка состојба (NYHA 1).
Заклучок: Потребни се темелни испитувања кај комплексни пациенти. Пероралната антикоагулантна терапија со ксабани се покажа како ефикасна терапија кај пациенти со пулмонална емболија и тромб во левата комора.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Clinical medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Ana Marija Taseva |
Date Deposited: | 16 Oct 2023 09:08 |
Last Modified: | 16 Oct 2023 09:08 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32379 |
Actions (login required)
View Item |