Veselinova, Borjanka and Gjorgieva Ackova, Darinka and Smilkov, Katarina (2023) Индиректен трансфер на пестициди преку храната со животинско потекло. In: Прв симпозиум со меѓународно учество од областа на фармацијата: Фармацевтска грижа: актуелности, можности, предизвици, 234 Sept 2023, Stip.
Text
Veselinova et al. (2023) Prisustvo na pesticidi vo razlicni vidovi na hrana so indirekten transfer.pdf Download (270kB) |
|
Text
Veselinova et al., - abstract - recenziran.pdf Download (179kB) |
|
Text
Programa.pdf Download (1MB) |
|
Text
Apstrakti-fmn-farmacija.pdf Download (913kB) |
Abstract
Млекото, месото, нивните преработки, како и медот се продукти кои секојдневно се користат во исхраната. Ваквите производи имаат големо економско значење и доаѓаат од различни средини, што влијае врз нивниот квалитет. Многу важен фактор за квалитетот на овие производи е исхраната на животните, што понатаму се одразува и на нивната безбедност. Храната која ја внесуваат животните е најчесто од растително потекло. Во процесот на одгледување на растенијата се користат и пестициди. Употребата на пестициди во производство на храната од растително потекло со цел заштита од патогени организми резултира со контаминација на почвата, водата, воздухот, а со тоа и на самите растенија. Така, пестицидите може преку синџирот на исхрана да се пренесат од растенијата на животните и индиректно кај човекот. Овие начини на контаминација водат до биоакумулација на пестицидите во прехранбените производи од животинско потекло. Постојат повеќе од илјада пестициди кои припаѓаат на различни класи како хербициди, фунгициди, инсектициди и други кои се користат ширум светот. Во последно време истражувањата сè почесто откриваат резидуи од пестициди кај храната од животинско потекло, каде како најприсутни се органохлорните и органофосфорните пестициди а потоа следат претставниците од карбаматите (дилдрин, линдан, изомери на ендосулфани, делтаметрин, примикарп, атразин, бифентрин, тебуконазол, кумафос и други). Со тоа тие претставуваат ризик за јавното здравје. Затоа следењето на нивното присуство во храната е од клучно значење за обезбедување на безбедноста на здравјето на хуманата популација.
Клучни зборови: безбедност, животинско потекло, пестициди, храна.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Health sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Borjanka Veselinova |
Date Deposited: | 17 Oct 2023 08:04 |
Last Modified: | 17 Oct 2023 08:04 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32357 |
Actions (login required)
View Item |