Морски природни производи како антиканцерогени лекови

Veselinova, Borjanka (2021) Морски природни производи како антиканцерогени лекови. Knowledge International Journal Scientific Papers, 45 (7).

[thumbnail of KIJ, Vol. 45.7-1-15.pdf] Text
KIJ, Vol. 45.7-1-15.pdf

Download (636kB)
[thumbnail of MARINE NATURAL PRODUCTS AS ANTI-CANCER MEDICINES.pdf] Text
MARINE NATURAL PRODUCTS AS ANTI-CANCER MEDICINES.pdf

Download (475kB)

Abstract

Ракот претставува најчеста причина за смрт во повеќето развиени земји каде научната фела и здравствените авторитети вложуваат големи напори и финансиски средства за развој на повеќе видови третмани кои ќе помогнат во справувањето со оваа болест. Развојот на овие третмани има за цел да помогне во лекувањето т.е. отстранувањето на ракот како болест. Како една од најспецифичните болести што се појавува кај луѓето, ракот е интересен за науката која има задача да открие нови антитуморски агенси од производи со природно потекло. Цитотоксичните лекови се користат како систематска терапија која претставува основа на повеќе третмани со позитивни резултати кај разновидни типови на канцер. Но реакцијата на тумурот при примена на разни хемотерапевтици се разликува. Така несаканите ефекти и појави знаат да бидат чести како резултат на резистенцијата кон медикаментите.
Некои видови на морска флора и фануа се користат за производство на лекови против канцер. Поточно тие ги содржат потребните компоненти за ваквите лекови. Морската флора и фауна се почесто се употребува во примарната здравствена заштита. Тие во некои делови од светот имаат долгогодишна традиција на користење за лекување на болести а денес секако со примена на посебни техники и за малигни заболувања. Генерално истражувањата за употреба на морската флора и фауна како природни производи кои имаат антитуморски својства резултираат со откривање на ефикасни антитумосрки агенси. Потенцијално постојат повеќе морски растенија и животни кои поседуваат цитотоксична активност но досега активно се користат следните: алги, морски сунгери, цијанобактерии, морски полжави, ајкула и други.
Во последната деценија драстично се зголемува бројот на преклинички антиканцерогени соединенија од различни морски видови да се применуваат односно да се внесуваат во клиничките испитувања. Ова е важно и корисно бидејќи на овој начин може да се направи развој на поле на природни морски производи во третман на разни видови на канцер, добивање на ефективни канцерогени материи од молекули кои се наоѓаат во морските производи, наоѓање на нови механизми за борба против ракот како и подобрување на веќе постоечките.
Фармацевстките компании заедно со останатите научно-истражувачки фактори од областа на медицината континуирано развиваат ничини за испитување и откривање на нови соединенија против канцер добиени од морските производи. Понатамошните истражувачки напори за оваа цел ќе придонесат да се зголеми создавањаето на соединенија кои имаат поголема ефикасност во дејстувањето против канцерогените клетки. Суштинското познавање на разни механизми за контрола на пролиферацијата ќе влијае на голем број средства за лекување создадени на база на антитуморски активности. Со тоа што некои антитуморски лекови се добиени од морски природни производи и нивни синтетички деривати само ја потврдува важноста на морските животни и растенија во спречувањето и лекувањето на канцерот.
Клучни зборови: рак, морски природни производи, лек, медицина.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Health sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Borjanka Veselinova
Date Deposited: 09 Oct 2023 09:45
Last Modified: 09 Oct 2023 09:45
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32356

Actions (login required)

View Item View Item