Афион - храна и лек

Veselinova, Borjanka (2020) Афион - храна и лек. Knowledge - International Journal Scientific Papers Vol. 40.4.

[thumbnail of KIJ, Vol. 40.4-1-15.pdf] Text
KIJ, Vol. 40.4-1-15.pdf

Download (676kB)
[thumbnail of KIJ, Vol. 40.4-POPPY - FOOD AND DRUG.pdf] Text
KIJ, Vol. 40.4-POPPY - FOOD AND DRUG.pdf

Download (534kB)

Abstract

Како повеќето растенија така и афионот од страна на човекот се користел, се користи и ќе се користи во исхраната и медицината. Ова растение низ историјата успеало да ја наметне својата важност за човековотo здравје. Исто така афионот се употребувал и за исхрана на стоката. Ваквите негови карактеристики само ги потврдуваат благодетите при користење на ваквото растение чии корени на одгледување датираат уште од антички времиња. Лековитите својства на афионот се откриени уште оддамна. Неговата лековитост се состоела во тоа што тој се користел како антиневралгетик. Покрај прехранбените и лековити способности на растението, тоа има и одредена симболика а е претставено кај некои народи во националните одбележја, песните, расказите и сл. Така во народните литератури може да се сретне под разни имиња. И во Македонија афионот не е само земјоделска култура. Тој има своја симболика и значење. Народот на овие простори го претставил и му дал со одредена историска вредност која е присутна денес а секако и во иднина. Афионот има специфични услови за одглeдување од што и зависи неговиот квалитет. Во нашите краеви климат е погодна за сеење на афионот во есенските денови. Длабоко се ора почвата, неколупати се култивира се до десетина дена пред сеидбата. Така се овозможува земјата да е погодна за семето кое инаку е многу ситно. Голема е потребата од негово сеење бидејќи е доста побаруван посебно во фармацијата. Во минатото жетвата на афионот се одвивала рачно но денес техниката на неговото собирање е променета. Сега независно дали насадите на растението се на помали или поголеми површини тоа се третира и бере со помош на механизација. Покрај ова, при прибирањето на семето се користи посебна техника каде претходно тоа се изведувало со вршалки изработувани специјално за таа намена. Од афионот
при неговата обработка некои делови од него се користат за сточна храна со чија помош се влијае на млечноста и гојазноста кај стоката. И афионот како и останатите растенија не е имун на болести и штетници. При појава на растителни болести како и некои други штетници ова растение на истата површина повторно доваѓа по три до четири години а како добри преткултури за овозможување на поволни услови за негова повторна сеидба се граорите и грашокот. Потоа со добро ѓубрење може успешно да се одгелдува. Но поради некои специфични својства кои ги поседува ова растение од кое можат да се произведат наркотични средства тоа е подложено на контрола од страна на властите. Од чаурите на опиумскиот афион се добива суров опиум. Преку нивно режење се доаѓа до опиумскиот катран. Затоа и неговата злоупотреба е голема, па како на национален план така и меѓународно со правни норми и акти се контролира неговото производство. Сето ова само ја отсликува важноста, моќта и влијанието кое ги поседува ова растение во исхранта и лекувањето на луѓето па дури и на животните.
Клучни зборови: афион, храна, лек, медицина.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Health sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Borjanka Veselinova
Date Deposited: 09 Oct 2023 09:43
Last Modified: 09 Oct 2023 09:43
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32354

Actions (login required)

View Item View Item