Gjeorgiev, Blagoj and Karpicarov, Dino and Gjorgjeska, Biljana (2023) Спектрофотометриска применливост на нефармакопејски хроматографски метод за определување на содржина на мелоксикам во инјекции. In: Прв симпозиум со меѓународно учество од областа на фармацијата „Фармацевтска грижа: актуелности, можности и предизвици“, 23 Sept 2023, Мултимедијален центар на Универзитет „Гоце Делчев“, Штип, Северна Македонија.
Text
Gjeorgiev et al. (2023) Spektrofotometriska primenlivost na nefarmakopejski metod za opredeluvanje na sodrzhina na meloksikam vo injekcii.pdf Download (555kB) |
|
Text
Programa.pdf Download (1MB) |
|
Text
Kniga na apstrakti, final, 2023.pdf Download (1MB) |
Abstract
Во нашата држава, контролата на квалитет на лековите е регулирана според Законот за лекови и медицински средства и Правилникот за начинот на контрола на квалитет на лековите и начинот на признавање на анализите на сериите на лековите. Истата се врши според начелата на Добрата контролна лабораториска практика, аналитичките методи содржани во документацијата на производителот или пак други валидирани аналитички методи кои се во согласност со барањата на Европската фармакопеја, Националниот додаток и другите признаени фармакопеи. Валидирани аналитички методи за определување на содржина на активни супстанции во готови лекови веќе се достапни во меѓународно признаените фармакопеи. На пример, хроматографски метод, базиран на реверзно-фазна хроматографија, опишан во тековното издание на Британската фармакопеја, се користи за определување на содржина на мелоксикам во инјекции. Градиентното елуирање го прави овој метод подолготраен и покомплициран за изведба, главно поради поголемата потрошувачка на мобилна фаза, методот не е економски исплатлив. Заради надминување на овие недостатоци, развиени и соодветно валидирани се и други, поедноставни методи за истата цел. Имено, развиен и валидиран е хроматографски метод, базиран на реверзно-фазна хроматографија, кој наместо градиентна, користи изократска елуција, како резултат на што, истиот е побрз, поедноставен за изведба и економски поисплатлив, споредено со фармакопејскиот метод. Сепак, и двeте методи претставуваат солидна основа за развивање на уште еден поедноставен спектрофотометриски метод за определување на содржина на мелоксикам во инјекции. Всушност, овој метод е развиен преку процена на спектрофотометриската применливост на нефармакопејскиот хроматографски метод.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Poster) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Dino Karpicarov |
Date Deposited: | 06 Oct 2023 07:04 |
Last Modified: | 06 Oct 2023 07:04 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/32346 |
Available Versions of this Item
- Спектрофотометриска применливост на нефармакопејски хроматографски метод за определување на содржина на мелоксикам во инјекции. (deposited 06 Oct 2023 07:04) [Currently Displayed]
Actions (login required)
View Item |